Серијата „The Queen’s Gambit“ на Нетфликс предизвика голем интерес за шахот по нејзиното прикажување.
Мини драма серијалот, во кој глуми актерката Ања Тејлор-Џој, е претставена девојка што го разбранува светот на шахот со нејзиниот талент во 60-тите години на минатиот век.
Преземањата на апликацијата Chess.com вртоглаво се зголемиле во Соединетите Американски Држави откако серијалот дебитираше минатиот месец.
Меѓу останатите стратешки игри на Ајфон, апликацијата скокнала на 3-то место во САД и на второ место во Велика Британија. Од сите игри во САД, апликацијата „Шах“ се искачила за 256 места од дебито на серијата. Сега е на број 62.
Верзијата на Ајфон има многу повеќе корисници од верзијата на Андроид, за дури 61%.
Популарноста на шахот растеше во текот на последните неколку месеци со појавата на полициските часови поради пандемијата на Ковид-19.
Инаку, „The Queen’s Gambit“ се заснова на роман и засега не се објавени планови за втора сезона.