Може ли да се штеди и да се ужива? На ова прашање, во новата епизода на „Што е муабетот со…“ разговаравме со Ангела Игновска, студентка по менаџмент во Словенија. Таа од неодамна го отвори својот Инстаграм профил „Мои финансии“, чија цел е да им помогне на граѓаните да си ја подобрат финансиската состојба.
Според неа, прв чекор кон подобрување на финансиите е да се следат трошоците. За ова ви е доволно лист хартија или апликација на телефон. Спремни сте за запишување?