Дејвид „Дејв“ Проус, актерот најпознат по улогата на Дарт Вејдер во оригиналната трилогија на „Војна на ѕвездите“, почина на 85-годишна возраст, соопшти неговиот агент..
Проус беше поранешен бодибилдер кој имаше серија улоги на чудовишта и негативци пред да биде поканет од Џорџ Лукас на аудиција за улогите на Вејдер и Чубака. Тој го избра Вејдер и на прашањето зошто, тој одговори: „Сите се сеќаваат на негативецот“.
Првиот филм на Проус беше „Казино Ројал“ од 1967 година. Иако кастингот се засноваше на растот на Проус, тој разви силен интерес за глума и реши да продолжи понатаму. Неговата биографија вклучуваше улоги во „Пеколен портокал“, а беше и личен тренер на Кристофер Рив за улогата во „Супермен“ во 1978 година.
Најголемиот дел од своето појавување во „Војна на ѕвездите“, Проус го помина во костим, а кога лицето на Вејдер конечно беше покажано пред публиката умирајќи во филмот од 1983 година, продуцентот Џорџ Лукас избра наместо него да го игра британскиот сценски актер Себастијан Шо.
Проус и Лукас подоцна се разделија професионално, што подоцна доведе до забрана за Проус да учествува во официјални активности на „Војна на ѕвездите“ во 2010 година, пишува Гардијан.