Утревечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи второто издание на Fusion Festival, кое ќе се пренесува во живо на Јутјуб, Твич, како и на Фејсбук.
Организаторите најавуваат уште една фантастична журка, а овој пат задолжени за забавата ќе бидат Shorty P & Irie Scratch, Ampov и Dj Flooder.
Организатор на фестивалот е Спектаклум, поддржан од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека сите учесници се обврзуваат да се придржуваат на насоките на Комисијата за заразни болести.