Сара Станоеска е студентка на Архитектонскиот факултет во Скопје, а по завршувањето на Академијата за дизајн на Brainster на почетокот на оваа година, професионално се занимава со графички дизајн.
„И покрај позадината во гимназиско средно образование и техничкиот факултет, уметничката експресија е дел од мене што не можам да го изоставам. Цртам откога памтам за себе и голем впечаток врз мене имаат оставено анимираните серии од детството, пасија која понатаму продолжив да ја негувам и кон игри, филмови, литература, и музика во кои најчесто преовладуваат митолошки, философски и психолошки теми. Како oмилени артисти би ги издвоила Piotr Jablonski, Dan Hillier, Sergey Kolesov и Nathan Fowkes“, вели таа за Радио МОФ.
Станоеска експериментира доста со техники и стилови, така што најчесто создава реалистичка претстава на фантастични и симболички содржини со доза на минимализам.
„Пред нецели две години освен традиционалното, почнав да го користам и дигиталното сликање како медиум, и иако сум посклона кон ахроматски и монохроматски палети, во предвид ми е во иднина да го збогатам мојот колористички јазик“, појаснува таа.
„Сметам дека прекумерната конзистентност во стил и интереси може да го стагнира уметничкиот раст, па постојано наоѓам нови предизвици и прилики за ослободување на љубопитноста“, додава оваа уметница.
Станоеска е уште една дизајнерка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините дизајни:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram