Краткиот експериментален филм „Сцена без (с)цена“, снимен за истоимената уметничка инсталација, вчера имаше онлајн премиера.
Како што соопшти Иницијативата за независен креативен активизам ИНКА, инсталацијата е реализирана од ликовните уметници Филип Велковски, Горан Ристовски и Доротеј Нешовски во периодот од 12 до 15 август 2020 година, како дел од интердисциплинараната програма на „Раздримување 2020“.
Автори на краткиот филм се Ана Алексовска и Владимир Димоски. Во филмот е користен музика од Cucina Povera „Elektra“ (Hilja LP, Night School 2018).