#ИнстаИлустрации – Лира Џокиќ

Лира Џокиќ е дипломиран специјалист по корпоративни комуникации и односи со јавност, со 10 годишно работно искуство во различни компании и агенции, и на различни полиња – од ПР, традиционален и дигитален маркетинг, па до социјални медиуми.

Таа од неодамна на својот Фејсбук споделува гифови под хаштагот #КакоТакаНекако. Со нејзината рубрика започнала споделувајќи постоечки гифови, а од неодамна и оние што лично ги изработува. Станува збор за илустрации инспирирани од разни расположенија, мисли, чувства, случувања и состојби.

На овој начин, посочува Џокиќ, публиката може да се запознае со „бубачките“ што се мотаат во нејзината глава.

„Во слободно време правам толку работи, што на крај излегува дека и немам баш некое слободно време 😊 Читање, пишување, цртање, везење, CS:GO, полнење „Notes“ со идеи, чепкање и учење програми… Искрено, се трудам да си воспоставам ред и да не се нафаќам веднаш на нешто ново што ќе ми светне во глава. Ама, што да прави човек кога ќе почне таа креативна „вожња“?!“, вели таа за Радио МОФ.

Џокиќ е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините гифови:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zelkazelena

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zelkazelena

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zelkazelena

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zelkazelena

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @zelkazelena