Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа пингвини

Вчеравечер во скопската Зоолошка градина пристигнаа нови жители – пингвини. Животните ќе поминат одреден период во карантин.

Зоолошката градина за прв пат е домаќин на овој вид на птици.

„Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен“, велат од Зоолошката.

Оттаму додаваат дека пингвините веќе се „запознале“ со своите негуватели и надополнуваат дека во периодот за приспособување, јавноста ќе може да ги запознае новите животни преку интересни видеа и фотографии на социјалните мрежи.