Младинскиот образован форум распиша повик за нови членови во своите Клубови за демократско учество, кои продолжуваат со средби по 20-ти јануари.
Преку нив, средношколци од девет училишта ќе имаат можност бесплатно да научат за демократијата, младинско организирање, нивните права како ученик и да ги споделуваат своите идеи.
Предавањата ќе траат до март, по што членовите ќе имаат можност да креираат младинска акција за решавање на некој предизвик во училиштето/заедницата. По завршувањето на програмата, учесниците добиваат сертификат.
Повикот е отворен до 25.01.2021 (понеделник).
Клубовите се отворени во следните училишта на линковите:
• СУГС Зеф Љуш Марку – Скопје на албански јазик
• СУГС Никола Карев – Скопје на македонски јазик
• ДУЦОР Партеније Зографски – Скопје на македонски знаковен јазик
• ССОУ Моша Пијаде – Тетово на македонски јазик
• ССОУ Моша Пијаде – Тетово на албански јазик
• СОУ Нико Нестор и СОУ Ибрахим Темо – Струга на македонски јазик
• СОУ Нико Нестор и СОУ Ибрахим Темо – Струга на албански јазик
• СОУ Кочо Рацин – Свети Николе на македонски јазик
• СОУ Наум Наумовски – Борче – Крушево на македонски јазик
• ОСМУ Д-р Јован Калаузи – Битола на македонски јазик
За повеќе информации во врска со клубот, пишете на: obuki@mof.org.mk.
Предавањата се активност на Младински образовен форум и Фондацијата на демократија на Вестминстер во рамки на проектот Зголемување на младинското учество, поддржани од Иницијативата за демократија на Западен Балкан.