Фондацијата Метаморфозис организира вебинар на тема „Основи на онлајн медиумска писменост“ кој ќе се одржи на платформата Cisco WebEx, на 5 февруари, 2021 година, во 12:00 часот.
На овој вебинар, во најголем дел преку примери и интерактивен пристап, ќе се учи за:
- Кои се основните поими врзани со медиумската писменост
- Како да препознаете дезинформации и пропаганда
- Како критички да анализирате информации
- Како да консумирате интернет содржини паметно и одговорно
Вебинарот ќе го води Ана Андреева, комуникациски експерт со 20 годишно искуство во областите интегрирани стратешки комуникации и планирање, развој и позиционирање на бренд, бренд менаџмент, менаџмент на кампањи и настани, односи со јавност и медиуми.
Во моментов таа е координаторка за комуникации во Фондацијата Отворено општество – Македонија и е одговорна за развој и имплементација на комуникациската стратегија на фондацијата, развој и имплементација на кампањи, креирање содржини за комуникациските канали на ФООМ и за односи со јавност и медиуми.
Вебинарот е наменет за студенти, средношколци и сите оние кои сакаат да се стекнат со основни знаења и вештини кои ќе им се потребни во секојдневието при консумирање различни содржини, особено содржини на интернет.
За информации врзани со вебинарот следете го линкот.
Работен јазик на вебинарот е македонски.