Најпопуларниот час на „Јеил“ достапен како бесплатен онлајн курс што ве учи како да бидете посреќни

Пролетта 2018 година, професорката по психологија на Јеил, Лори Сантос, го претстави новиот курс „Психологија и добриот живот“, на тема како да се биде посреќен.

Курсот на Сантос беше мешавина од апстрактни и конкретни нешта. Ја комбинираше позитивната психологија со реалната примена на науката за однесување. Ги разоткри популарните сфаќања за тоа што ги прави луѓето среќни (како луксузниот статус на симболот Мерцедес-Бенц) и им помогна на студентите да ги разберат навиките што треба да ги создадат за да водат вистински посреќни и поисполнети животи.

Курсот започна во САД, во еден од најелитните и највисоки колеџи на нацијата што се најде на 18-тото место на според Извештајот за среќа во светот, за 2020 година

И реакцијата беше без преседан. „Психологијата и Добриот живот“ станаа најпопуларниот час што некогаш се предавал во историјата на Универзитетот Јеил во текот на 317 години и го привлече вниманието на националните и меѓународните медиуми.  Сантос за „Њујорк Тајмс“ изјави дека секој четврти студент на Јеил бил на курсот. Истовремено, додека повеќето големи предавања на Јеил не надминуваат 600 студенти, „Психологија и Добриот живот“ запишаа 1.182.

Откако многумина побараа пристап до курсот, Сантос дизајнираше ваков курс, кој го постави на платформата за онлајн учење Интернет Курсера, насловен „The Science of Well-Being“, достапeн и бесплатен за сите. Курсот вклучува видео предавања, незадолжителни четива и активности за „пренасочување“ што треба да се прават секој ден за да се изградат посреќни навики. Истражувањата сугерираат дека ако ги направите овие промени како што е опишано, треба да добиете позитивен поттик за вашето расположение и целокупната благосостојба.

За да се направи часотот топол и привлечен, тој е снимен во сопствениот дом на Сантос, со неколку студенти на Јеил во публика. Оние што сакаат да се здобијат и со сертификат за завршениот курс, ќе треба да платат 49 долари. Ако им треба само знаењето пак, тогаш тоа е бесплатно. Курсот може да го следите тука „The Science of Well-Being