Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) започна со снимање и емитување на серијал емисии насочени кон младите. Во нив ќе се разработуваат погледите на младите кон електронските спортови наспроти традиционалните спортови, психолошкиот развој и дали играњето игри претставува вид на завист, залудно потрошено време или потенцијална професија и заработка.
Во емисиите, кои ќе бидат достапни на каналите на МЕСА, ќе присуствуваат стручни и професионални лица на кои е-спортот им претставува пасија.
Темата на првата дискусија што се одржа во Europe House во Скопје беше:„Електронските спортови како фактор во психолошкиот развој на младите“.
Во неа како говорници учествуваа лиценцираниот психолог и гешталт терапевт Тиана Ивановска и магистерот по комуникологија, Александар Младеновски. Во продолжение, може да ја погледнете: