Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Соочени со пандемија, проблеми во финансирањето и бирократски пречки, студентските тела го завршија првиот мандат во кој функционираа според нови правила. Додека едни се жалат на проблеми поради кризата со Ковид-19, други воопшто не функционираа. Некои се правдаат за нереализираните ветувања, а некои воопшто не се достапни за коментар. Дел се прилагодуваа, дел губеа интерес…
Една година од новиот начин на студентско организирање, студентите се поделени. Од оние кои се задоволни со новите собранија, до оние за кои промените се пребавни. Сепак, мнозинство од идните академски граѓани воопшто не ни знаат кои се нивните студентски претставници.
Адем Јашари и Стефан Петровски студираат во различни градови. Првиот е на студии по новинарство на Универзитетот во Тетово, другиот на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Она што им е заедничко е дека дел од нивната школарина оди на сметка на студентските собранија. Но, ги обединува и незадоволството за тоа како тие ги решаваат студентските проблеми.
Јашари не знае дали на неговиот факултет воопшто постои вакво тело, додека Петровски е револтиран што неговото собрание често чека штетата да се случи, па да реагираат.
„Сто денари годишно за мене не се ништо, ама да платам за Студентскиот парламент што не прави ништо, не е фер. Ама ако не плаќаш, не можеш да пријавиш семестар“, вели револтирано Јашари.
„Мислам дека не е доволно само да објават на Фејсбук што и како сработиле. Не се доволно критички настроени кон Универзитетот. Се обидуваат да останат неутрални, што не е доволно. Ја имаат таа сила и таа моќ да бидат навистина дрски кон одлуките што се донесуваат, како се постапува со правилата и како се однесува УКИМ кон студентите. Мислам дека многу е неутрален јазикот со кој работат“, објаснува Петровски.
Малку поинакви ставови за нивните претставнички тела имаат Кристина Гулицоска и Давид Митровиќ. Таа студира во Битола, на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО), а тој на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. За своите претставници велат дека сериозно си ја сфатиле работата откако започна кризата со Ковид-19.
„Нè контактираа лично, се спроведуваа анкети за тоа како сакаме да биде полагањето, дали сме задоволни од начинот на кој се полага. Мислам дека многу беа сконцентрирани да го испочитуваат тоа што ние го сакаме, она што ние го кажавме – дека сакаме да полагаме комбинирано. Разговараа со сите професори на факултетот и заклучија дека тоа е најдобро и го спроведоа“, вели Гулицоска.
„Студентските претставнички тела, колку што успеав да видам овој период, се навистина отворени и се залагаат за сите проблеми на студентите, дури и за некои минорни проблеми. Од повеќе луѓе сум слушнал дека голем дел од проблемите успеваат да се решат преку собранието“, објаснува Митровиќ.
Една од замерките кои ги има Гулицовска е што во нејзиното студентско собрание се вклучени само студентите од трета и четврта година. Смета дека треба повеќе да се работи на ангажирање на помладите колеги. Дополнително, вели дека се потребни и почести средби на студентските претставници, наместо еднаш месечно, како што е случајот сега.
„Научени се на клатиглави“
Нè пречека во седиштето на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Ходниците, конференциската сала и канцелариите се празни. Претседателот Борјан Ефтимов ни опишува како пред коронавирусот тука постојано имало врвулица од студенти кои работеле на проекти. Сега, принудени се најголемиот дел од состаноците да ги извршуваат онлајн.
Токму во кризата тој го гледа главниот виновник зошто не исполниле најголем дел од своите ветувања. Пониски трошоци за студирање, административната дигитализација или пак зголемен буџет за образование. Ковид-19, според него, е една од причините и зошто преку половина од студентите на најголемиот македонски универзитет и понатаму не знаат кои се нивните претставници во телата на УКИМ.
„Проблемот е што нашата најсилна алатка во борбата против институциите е директното присуство, блокадата на институциите, излегување на улици. Во моментов тоа го немаме, го нема оној мобилизаторски чин на една студентска организација. Не можете да излезете пред факултет, да ги соберете студентите и да одите пред ректорат, пред министерство…“, вели тој.
Борјан Ефтимов, претседател на УСС УКИМ
На дел од прозорите сè уште стојат залепени постери од стариот студентски парламент. Ефтимов во шега вели дека можеби подобро ќе беше и УСС да функционира како невладина организација, со оглед на тоа што за секој можен трошок, па и оној за симнување на тие постери од нивните простории, мораат да поминуваат еден куп бирократски процедури, кои некогаш завршуваат апсурдно.
Иако располагаат со најголемиот буџет од сите УСС-а, 5,8 милиони денари, од кои потрошиле нешто помалку од третина, тој објаснува дека за секој трошок е потребно да се организира јавна набавка или пак да се направи договор на дело за кои чекаат долги одобрувања од УКИМ, па од МОН, па од Министерството за финансии. Наведува пример како за хонорари за дизајнер и студенти-волонтери во студентскиот медиум чекале одговор со месеци.
„Барањето беше испратено во септември. На 4-ти јануари добив писмо каде се потврдува потпишување договори на дело за овие потреби, со краен рок за реализација 31-ви декември. Со такви сопки се соочува Студентското собрание“, објаснува Ефтимов.
*Одговори на студентите на УКИМ за нивните факултетски студентски собранија кои ги добивме на онлајн анкетата која Радио МОФ ја спроведе на социјалните мрежи
Едногодишниот мандат на Ефтимов заврши на 7-ми февруари. Вели дека не планира повторно да се кандидира за претседателската функција. Главната причина за тоа е што е во еден вид „војна“ со Ректоратот.
„Не сакаат да соработуваат со мене бидејќи сме ги критикувале на социјални медиуми. Во повеќе наврати излегував и за дигитализацијата, и за трошоците и за изборот на студенти во Националниот совет за високо образование и наука. Ја критикував работата на Ректорот и Универзитетот. Тоа се исклучително суетни луѓе, кои се почувствувале навредени. Научени се тие таму да имаат клатиглави“, ни вели.
Собранија без буџетСтотина километри подалеку, во Битола, претседателката на УСС УКЛО, Дона Петрова, која во ноември минатата година беше реизбрана на оваа функција, објаснува дека главната задача претходниот мандат им била пренасочување на предавањата и полагањата онлајн на најбезболен начин и осигурување на безбедноста на сите студенти кои мораат физички да доаѓаат на факултетите.
Поради ова таа вели дека реализирале само мал дел од зацртаната програмата за претходниот мандат.
„УСС започна многу амбициозно и надежно, не надевајќи се на сите пречки кои ги сретнавме во текот на работата. Пред сè голем дел од времето го поминавме во информирање на студентите за Собранието, стекнувајќи ја нивната доверба и ги учевме сите административно-правни постапки кои беа клучни за легално и правилно работење на УСС. Додека во претходната година имавме испланирано временска рамка со детално испланирани датуми за реализација на активностите, оваа година испланиравме континуирани активности, поттикнати од проблемите кои настанаа претходната година и со поука дека работите многу тешко се одвиваат по планираното“, вели таа.
Петрова објаснува дека претходната година имале претставници од сите ФСС при УКЛО, а оваа година не било формирано само ФСС на Факултетот за безбедност – Скопје.
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (УИНТ) во Охрид, има само едно ФСС, тоа на Фаултетот за компјутерски науки и инженерство, кое го води студентката Катерина Коркутоска. Таа е истовремено и претседателка на УСС поради тоа што никој друг не бил заинтересиран за таа функција.
И покрај сложената ситуација, задоволна е со она што го постигнале изминатата година работејќи без буџет, програма, ниту пак имале насоки и помош.
„Додека се одеше на предавања комунициравме лице во лице и на социјални мрежи. Но, од кога престанавме да одиме на предавања, комуникацијата остана целосно на социјални мрежи и телефонски разговор“, појаснува таа.
Нејзините штипски колеги, од УСС УГД, сметаат дека одговориле најдобро што можеле на сите предизвици и барања од студентите. Пандемијата го попречила спроведување на нивните планови, а кризата се одразила и на работата на факултетските собранија, кои, иако постојат, не можеле во целост да ја извршат својата функција.
„Со оглед на тоа што сите активности беа забранети поради коронавирусот, само мал дел од програмата беше реализирана. Доколку се избориме со овој здравствен предизвик и доколку почне да функционира општеството нормално се надеваме на целосна реализација на планот и програмата“, велат од УСС-УГД.
Иако ги контактиравме, студентските претседатели на Универзитетот во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје до објавата на текстов не одговорија на прашањата кои ги доставивме до нив. Од Тетовскиот универзитет не одговорија ниту на нашето барање за пристап до информации од јавен карактер и по еден месец откако им го испративме документот. Одговорите на нивните служби кога ги контактиравме беа дека поради онлајн наставата претседателката на УСС не е дојдена на универзитетот за да одговори на некои од прашањата.
Едни достапни на Фејсбук, другите ги нема никаде
Социјалните мрежи се главен начин преку кој собранијата засега комуницираат со студентите и јавноста.
Фејсбук страници имаат УСС на УКИМ, УГД, УКЛО и „Мајка Тереза“, додека од собранијата на Универзитетот во Тетово и „Свети Апостол Павле“ не успеавме да ги најдеме на оваа платформа.
Инстаграм страници имаат само собранијата од Скопскиот, Штипскиот и Битолскиот универзитет, додека на Твитер не најдовме профил на ниту едно УСС.
Преку овие канали најчесто се споделуваат некои корисни информации за студентите и се промовираат активностите на собранијата. УСС на УКИМ е најактивно на социјалните мрежи, додека Собранието на УГД покрај Фејсбук страница има и група која брои скоро 4 илјади корисници, во која студентите комуницираат помеѓу себе.
Ниту едно Универзитетско студентско собрание нема своја интернет страница. На сајтовите на Универзитетите, пак, скоро и да нема никакви информации за студентските претставнички тела.
Илустративно е тоа што на интернет страницата на УКИМ, во делот „Студентски правобранител“ и понатаму стојат бајати информации за претходниот правобранител. Голем дел од факултетите при УКИМ на своите сајтови немаат никакви информации, или пак имаат штури податоци за собранијата кои се протоколарни, ретки и нередовни.
Универзитетот во Тетово има посебна страница „Студентски парламент“ во кој се поставени неколку стари документи поврзани со претходното студентско тело, донесени уште во 2016 година. На страницата стои и името и мејлот на претседателката на УСС, Елиеса Жаку. Сепак, на нашите обиди да контактираме со неа преку електронската адреса, не добивме никаков одговор.
На сајтовите на универзитетите „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“ и „Св. Апостол Павле“ нема никакви видливи информации за студентските претставнички тела. На сајтот на УКЛО има цело јазиче посветено на студентско организирање, но во него можат да се најдат само општи информации за тоа што се собранијата, правобранителот и кои се нивните надлежности. Контакти со претставниците на студентските тела, новости, или врски кон други страници не постојат.
Законот вели едно, реалноста нешто друго
Иако новиот формат на студентско организирање е регулиран во Законот за високо образование, некои одредби веќе беа прекршени. На пример одредбата дека во рок од шест месеци по стапување на сила на Законот треба да бидат спроведени избори за ФСС, како и избор на студентски правобранител и негов заменик.
Првите студентските избори се спроведоа после повеќе од една година од стапување на сила на Законот, додека правобранители се избрани само на УКИМ и на УКЛО. Законот пропишува и казна од 2.000 евра за високообразовните установи кои нема да распишат избори за ФСС. Сепак, нема наведено казни во случај ако не биде избран студентски правобранител.
Законот пропишува дека изборите за ФСС се одржуваат во термин кој го утврдуваат самите универзитетските студентски собранија. Статутите на универзитетите и факултетите пак треба да ја регулираат само постапката на распишување на изборите. Сепак, од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, кои беа дел од авторите на Анализата на новиот бран студентско организирање на државните универзитети во Штип, Битола и Тетово, реагираат дека и во овој дел се оставаат одредени недоречености.
„Како слабост на законското решение се појавува и недостатокот од прецизна временска рамка која ќе гарантира во кој период од годината или до кога најдоцна мора да се одржат студентските избори. Неизвесноста и слободата која им се препушта на универзитетите сами да го утврдат ова, во моментот се покажува како неефикасно решение“, велат од Фондацијата, иако посочуваат дека пандемијата најверојатно влијаела на оваа состојба.
Покрај ова, како можен проблем го посочуваат и уредувањето на составот и обемот на собранијата. Според Статутот на Универзитетот, постои унифицирана формула за секое факултетско студентско собрание, не оставајќи простор самите студентски собранија да го уредат. Проблемот според нив настанува кога во пракса бројот на членови во собранието не соодвестува со бројот на студенти запишани на секој конкретен факултет.
Финансирањето на собранијата, пак, во Законот не е посебно прецизирано, што исто така може да биде проблематично. Во законскиот текст постои само една одредба дека „високообразовните институции се должни да им овозможат на студентските собранија автономно располагање со средства за нивната работа“.
Статутот на УКИМ само општо наведува дека работата на УСС и ФСС-ата се се финансираат од средствата на Универзитетот, односно единицата, како и од други извори, како подароци, завештанија, прилози и слично, а на безмалку ист начин овие обврски се уредени и во статутот на УКЛО и статутот на УГД. Ниту во Законот, ниту во статутите не се навлегува во детали како ќе се прибираат овие средства, или пак колку пари им следуваат на собранијата.
За дилемите во финансирањето се обративме до сите шест државни универзитети. Повратен одговор добивме само од УГД, УКЛО и УИНТ. Од Штипскиот универзитет нè информираа дека УСС се финансира преку 150 денари уплата од секој студент кога запишува непарен семестар и расположливиот буџет се дефинира во однос на вкупниот број запишани студенти. На УКЛО, пак, распределбата на пари до нивното УСС се врши по упатство кое го донело Универзитетскиот Сенат.
„Со него се уредува начинот на доделување и користење на средства што се врши врз основа на доставено Барање од УСС со предлог за финансирање на конкретна активност. Во таа смисла, исплатата на фактури и други трошоци при реализација на активности на УСС се реализира во согласност со Планот за финансирање студентски активности и Програмата за работа на УСС. На тој начин, фактурите, односно сметките за сите набавки за потребите на УСС се плаќаат во согласност со Процедурата за движење на фактурите на Универзитетот“, велат од УКЛО.
Оттаму додаваат дека оваа година вкупниот буџет за УСС е удвоен, од 520 илјади на 1,1 милион денари, додавајќи дека со зголемените средства и практично ќе се поддржат студентските ставови, мислења и идеи. Од УКЛО особено го потенцираат формирањето посебни фондови за учество на студентите на меѓународни натпревари и поддршка за членства во високообразовни мрежи и регионално и глобално поврзување.
Од Штипскиот универзитет сметаат дека една од промените во студентското организирање, за кое треба да се размислува во иднина, е зголемување на мандатот на студентските претставници.
„Моменталниот начин на функционирање е под голем предизвик поради краткиот период на функционирање на едно избрано студентско собрание. Периодот од една година не е доволен да се спроведат планираните активности, без разлика дали е период на пандемија, или не. Процесот на дефинирање на план и стратегија, потврдување на истиот на собранието одзема време, кое понатаму го скратува и периодот за конкретни активности. Дополнително процесот на спроведување на избори и трансферот на овластувања од едно на друго студентско собрание го отежнува процесот“, посочуваат од УГД.
Од УИНТ велат дека бидејќи не било формирано УСС не бил распределен ни буџет за ова студентско тело, додавајќи дека Универзитетот располага со средства планирани за студентски активности. Оттаму посочуваат дека во октомври 2019 година се распишале избори за ФСС на пет факултети, но интерес имало само на еден од нив. Додаваат дека пандемијата оневозможила да се спроведат и новите избори за студентски претставници.
„Изборите на претседател и членови на факултетски студентски собранија во периодот ноември/декември 2020 година беа одложени заради состојбата со пандемијата во текот на зимските месеци, согласно донесената одлука на Сенатот на Униврзитетот. Сенатот повторно ќе го разгледува ова прашање околу организирање на избори во текот на месец март 2021 година, со физичко присуство или по електронски пат, а по претходно спроведени консултации со студентите“, стои во одговорот на УИНТ.
Од Министерството за образование и наука (МОН) немаа прецизен одговор на нашето прашање на кој начин тие го следат спроведувањето на Законот во делот на студентското организирање.
„МОН е во постојана комуникација со раководствата на високообразовните установи, но и со одделните групи во рамки на истите – студенти и наставно научен кадар, со цел забрзување на процесот за постигнување на полн ефект на законските одредби и цениме дека тој процес е особено интензивиран во последните неколку месеци“, стои во нивниот одговор.
Петар Барлаковски од Младинскиот образовен форум (МОФ) смета дека треба да се остави време да се разработи моменталното законско решение. Дури потоа може да се тврди дали функционирањето на собранијата е попречено од некакви правни недостатоци.
„Може да се каже дека е зголемена демократичноста во целиот процес на избирање на студентските преставници, во смисла на легитимен избор на овие претставници. Мислам дека сè уште постои простор за подобрување, меѓутоа и дека резултатите би биле сосема поразлични доколку не се соочивме со пандемијата. Дополнително, сметам дека во иднина треба да се зголемат буџетите на универзитетите и факултетите а со тоа и на самите собранија, со цел зголемување на обемот на активности и подобрување на нивната работа“, вели тој.
Соочени со реален отпор
Студентските претставници започнаа со голем ентузијазам и идеи, но по пандемијата се соочија со разочарување, ни објаснува Мира Беќар, вонредна професорка на Филолошкиот факултет во Скопје. Сепак, таа додава, не е професионално Ковид-19 да биде изговор за неактивноста.
„Од Пленумиве до сега, јас докторирав, станав доцент, па вонреден професор, а студентсково организирање уште се прашуваме зошто никако да тргне напред“, вели Беќар.
Професорката издвојува неколку позитивни примери од ФСС на нејзиниот факултет. Активности преку кои студентите се запознале со телата на УКИМ, но и се ангажирале едукативни, забавни и еколошки активности. Сепак, не разбира зошто на новите студентски избори интересот е намален и ги охрабрува студентите да се вклучат во новите собранија бидејќи, вели, „чувството е уникатно и долго се памети“.
„Точно е дека студентите чувствуваат дека се заборавени и сметаат дека немаат шанса да одлучуваат, па во прашање е доведена нивната позиција во самата академска заедница, но треба многу повеќе време и посветеност од една година да ги натераш другите да бидеш чуен во заедницата“, посочува.
За Александра Филипова од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) промената во студентското организирање е голема, сепак, напоменува, оценката за собранијата зависи од самите студентски претставници.
„Во иднина би требало да се работи на надминување на дел од административните бариери при студирањето, унапредување на студентскиот стандард и квалитетот на наставата, спречување на дискриминацијата и корупцијата во високото образование и прилагодување на образованието за полесен премин од образовниот процес кон пазарот на трудот“, предлага таа.
Филипова најавува дека од оваа година, за членство во НМСМ ќе може да аплицираат и универзитетските собранија.
Истражувачот на образовни политики и докторанд на Универзитетот во Оксфорд, Мартин Галевски, проблемот го лоцира во тоа што самите универзитети на студентските тела сè уште гледаат како на формалност. Поради тоа, смета, тешко е да се почувствува некоја реална промена иако дел од студентските претставници се обидуваат да ги придвижат работите кон подобро.
„Проблемот е што тие се соочени со реален отпор, па дури и активна саботажа од страна на универзитетите. За пример може да го земеме начинот на кој беше избран студентскиот претставник во рамки на Интеруниверзитетската конференција за чиј избор универзитетските студентски собранија беа едногласно против, а сепак беше изгласан од страна на професорите и ректорите. Како да не беше доволно разочарувачки дека во тело од 16 членови, студентите имаат само еден претставник, па мораше дополнително да се компромитира изборот и на тој еден член“, напоменува Галевски.
Според него, секоја идна промена во студентското организирање за поголема демократичност и независност, треба да почне од промена на размислувањето од универзитетите.
Како до силно собрание?
Во 2021 надежите и на студентите и на нивните претставници се дека студентскиот живот барем делумно ќе почне да се враќа во онаа „нормалност“ пред пандемијата.
Вторите избори за студентски претставници завршија на УКЛО, а во моментов финишираат на УКИМ. Сепак за изборите на УГД и УИНТ нема никакви најави дека ќе се случат наскоро. Од Универзитетот во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“ ниту добивме одговори, ниту пак успеавме да најдеме јавно достапни информации дека таму се спровеле или се планирани нови избори.
Во иднина, дел од студентските лидери планираат да се здружат во национално студентско собрание, кое според нив би овозможило подобра сорабока но и поголемо влијание врз политиките кои се фокусираат на високото образование.
Петровски, студентот од УКИМ, во иднина посакува студентските собранија повеќе да се фокусираат и да комуницираат со студентите. Како на индивидуално ниво, така и групно, по генерации.
„Едноставно споделување прашалник на Фејсбук и очекување некој да ти пишува не е доволно. Треба да седнеш со луѓето и да ги мотивираш да ги пријавуваат проблемите бидејќи генерално сме привикнати и приморани да молчиме и да трпиме неправда“, забележа тој.
Ефтимов, пак, на својот наследник кој следната година треба да ги предводи студентите на УКИМ, му порачува да се фокусира на градење на имиџот на Собранието и да се пази од бирократските лавиринти во кои може да заглави при работата.
„Собранието може да биде силно само ако студентите учествуваат и имаат доверба во него. Сам не може ништо да направи. Треба да биде координатор, а не креатор на активностите на студентите. Ако студентите имаат доверба, понатаму ништо не е невозможно“, заклучува.
Емилија Петреска и Даниел Евросимоски
*Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.
-
Kovid-19 dhe mungesa e përvojës i lidhën duart e udhëheqësve të studentëve
Përballë pandemisë, probleme me financimin dhe pengesa burokratike, trupat e studentëve kanë përfunduar mandatin e tyre të parë në të cilin kanë funksionuar sipas rregullave të reja. Ndërsa disa ankohen për probleme me krizën Kovid-19, të tjerë nuk kanë punuar fare. Disa justifikohen për premtime të pa përmbushura, ndërsa disa nuk janë fare në dispozicion për koment. Disa u përshtatën, disa humbën interes…
Një vit nga mënyra e re e organizimit të studentëve, studentët janë të ndarë. Nga ata që janë të kënaqur me kongregacionet e reja, tek ata për të cilët ndryshimet janë shumë të ngadalta. Megjithatë, shumica e qytetarëve të ardhshëm akademikë aspak nuk dinë as cilët janë përfaqësuesit e tyre studentorë.
Adem Jashari dhe Stefan Petrovski studiojnë në qytete të ndryshme. I pari është për studime për gazetari në Universitetin e Tetovës, tjetri në Fakultetin Filologjik në Universitetin “Shën Kirili dhe Metodi ”(UKM) në Shkup. E përbashkëta e tyre është se një pjesë të parave për shkollimin e tyre shkon për Parlamentin studentor. Por, ata i bashkon edhe pakënaqësia se si ato i zgjidhin problemet e studentëve.
Jashari nuk e di nëse ekziston një organ i tillë në fakultetin e tij, ndërsa Petrovski është i revoltuar që asambleja e tij shpesh pret që dëmi të ndodhë, dhe më pas të reagojnë.
“Njëqind denarë në vit nuk është asgjë për mua, por të paguaj për Parlamentin studentor që nuk bën asgjë nuk është e drejtë. Por nëse nuk paguan, nuk mund të paraqesësh semestër,” thotë i revoltuar Jashari.
“Mendoj se nuk mjafton vetëm të postojnë në Facebook se çfarë dhe si kanë punuar. Ata nuk janë mjaft kritikë ndaj Universitetit. Përpiqen të ngelin neutral, që nuk mjafton. Ata e kanë atë fuqi dhe atë forcë për të qenë me të vërtetë arrogantë ndaj vendimeve që merren, sesi trajtohen rregullat dhe sesi UKM i trajton studentët. “Unë mendoj se gjuha me të cilën ata punojnë është shumë neutrale,” shpjegoi Petrovski.
Kristina Gulicoska dhe David Mitroviq kanë pikëpamje pak më të ndryshme për organet e tyre përfaqësuese. Ajo studion në Manastir, në Fakultetin Pedagogjik në Universitetin “Shën Kliment Ohridski ”(UKO), ndërsa ai në Fakultetin Juridik në Universitetin“ Goce Dellçev ”(UGD) në Shtip. Për përfaqësuesit e tyre thonë se e kanë marrë seriozisht punën e tyre që kur filloi kriza me Kovid-19.
“Na kontaktuan personalisht, u kryen sondazhe se si duam të zhvillohen provimet, nëse jemi të kënaqur me mënyrën se si jepen provimet. Mendoj se ata ishin shumë të përqendruar në respektimin e asaj që ne e duam, asaj që ne e themi – se duam të japim provim në mënyrë të kombinuar. Biseduan me të gjithë profesorët në fakultet dhe arritën në përfundimin se ajo ishte më e mira dhe e zbatuan”, tha Gulicoska.
“Organet përfaqësuese të studentëve, me sa kam parë gjatë kësaj periudhe, janë vërtet të hapura dhe angazhohen për të gjitha problemet e studentëve, madje edhe për disa probleme të vogla. “Kam dëgjuar nga shumë njerëz që shumë prej problemeve arrijnë të zgjidhen përmes parlamentit studentor,” shpjegoi Mitroviq.
Një nga vërejtjet që Gulicovska ka, është se vetëm studentët e vitit të tretë dhe të katërt janë përfshirë në parlamentin studentor. Beson se duhet punuar më tepër të angazhohen kolegë më të rinj. Përveç kësaj, thotë se nevojiten takime më të shpeshta të përfaqësuesve të studentëve, në vend një herë në muaj, siç është rasti tani.
“Janë mësuar të ulin kokën”
Na mirëpriti në selinë e Parlamentit Studentor Universitar të UKM. Korridoret, salla e konferencave dhe zyrat janë bosh. Kryetari Borjan Eftimov përshkruan se si përpara koronavirusit kishte një lumë të vazhdueshëm të studentëve që punonin në projekte. Tani, ata janë të detyruar të kryejnë shumicën e takimeve të tyre në internet.
Pikërisht te kriza ai e sheh fajtorin kryesor pse nuk i përmbushën shumicën e premtimeve të tyre. Kosto më të ulëta për studim, digjitalizim administrativ ose rritje të buxhetit për arsim. Kovid-19, sipas tij, është një nga arsyet pse mbi gjysma e studentëve në universitetin më të madh maqedonas ende nuk e dinë kush janë përfaqësuesit e tyre në organet e UKIM.
“Problemi është se mjeti ynë më i fortë në luftën kundër institucioneve është prania e drejtpërdrejtë, bllokimi i institucioneve, dalja në rrugë. Për momentin nuk e kemi atë, nuk e kemi atë akt mobilizues të një organizate studentore. Nuk mund të dilni para universitetit, të mblidhni studentët dhe të shkoni para rektoratit, para ministrisë,” thotë ai.
Posterat nga parlamenti i vjetër studentor janë ngjitur ende në disa nga dritaret. Eftimov me shaka thotë se mbase do të ishte më mirë që PSU të funksiononte si organizatë joqeveritare, duke pasur parasysh që për çdo shpenzim të mundshëm, madje edhe atë për heqjen e atyre posterave nga ambientet e tyre, duhet të kalojnë nëpër një mori procedurash burokratike, të cilat ndonjëherë përfundojnë në mënyrë absurde.
Megjithëse ata kanë buxhetin më të madh nga të gjitha PSU, 5,8 milion denarë, nga të cilat shpenzuan pak më pak se një e treta, ai shpjegon se për çdo kosto është e nevojshme të organizohet prokurim publik ose të bëhet kontratë në vepër, për të cilat presin aprovim për kohë të gjatë nga UKM, pastaj nga Ministria e Arsimit dhe Shkencës, pastaj nga Ministria e Financave. Ai jep shembull se si për honorarët për disenjator dhe studentë vullnetarë në mediat studentore kanë pritur përgjigje për muaj me radhë.
“Kërkesa ishte dërguar në shtator. Më 4 janar, mora letër që konfirmohet nënshkrimi i kontratave për këto nevoja, me afat deri në 31 dhjetor. “Asambleja Studentore po përballet me kleçka të tilla,” shpjegon Eftimov.
* Përgjigjet e studentëve të UKM për asambletë e tyre studentore të fakultetit që i morëm në sondazhin online të kryer nga Radio MOF në rrjetet sociale
Mandati një vjeçar i Eftimov përfundoi më 7 shkurt. Ai thotë se nuk ka në plan të kandidojë përsëri për funksionin e kryetarit. Arsyeja kryesore për këtë është se është në një lloj “lufte” me Rektoratin.
“Ata nuk dëshirojnë të bashkëpunojnë me mua sepse ne i kemi kritikuar në rrjetet sociale. Në disa raste unë dilja edhe për digjitalizim dhe për kostot dhe përzgjedhjen e studentëve në Këshillin kombëtar të arsimit të lartë dhe shkencës. E kritikova punën e Rektorit dhe Universitetit. Këta janë njerëz jashtëzakonisht të kotë, të cilët ndiheshin të ofenduar. “Ata janë mësuar të kenë lëkundje atje”.
Asambletë pa buxhet
Qindra kilometra larg, në Manastir, kryetarja e PSU UKO, Dona Petrova, e cila u rizgjodh në nëntor të vitit të kaluar, shpjegon se detyra kryesore e mandatit të mëparshëm ishte ri drejtimi i leksioneve dhe provimeve në internet në mënyrën më të padhembshme dhe të garantojnë sigurinë e të gjithë studentëve të cilët duhet të vijnë fizikisht në fakultetet.
Për shkak të kësaj, ajo thotë se ata kanë realizuar vetëm një pjesë të vogël të programit të planifikuar për mandatin e kaluar.
“PSU filloi në mënyrë shumë ambicioze dhe me shpresë, duke mos llogaritur në të gjitha pengesat që hasëm gjatë punës. Para së gjithash, kemi kaluar shumë kohë duke i informuar studentët për Parlamentet, duke fituar besimin e tyre dhe duke mësuar të gjitha procedurat administrative dhe ligjore që ishin thelbësore për funksionimin ligjor dhe të duhur të USS. “Ndërsa në vitin paraprak kishim planifikuar kornizë kohore me data të detajuara të planifikuara për realizimin e aktiviteteve, këtë vit kemi planifikuar aktivitete të vazhdueshme, të inkurajuara nga problemet që u shfaqën vitin e kaluar dhe me një mësim që gjërat zhvillohen shumë vështirë sipas asaj që është planifikuar”, tha ajo.
Petrova shpjegon se vitin e kaluar ata kishin përfaqësues nga të gjitha FSS në UKLO, dhe këtë vit nuk ishte formuar vetë PSF u krijua në Fakultetin e Sigurisë – Shkup.
Në Universitetin e Shkencave dhe Teknologjive të Informacionit “Shën Apostull Pavle ”(UINT) në Ohër, ekziston vetëm një PSF, ai i Fakultetit të Shkencave Kompjuterike dhe Inxhinierisë, i cili drejtohet nga studentja Katerina Korkutoska. Ajo është gjithashtu presidente e PSU sepse askush tjetër nuk ishte i interesuar për atë pozitë.
Përkundër situatës komplekse, ajo është e kënaqur me atë që kanë arritur vitin e kaluar duke punuar pa buxhet, program, dhe as nuk kishin udhëzime dhe ndihmë.
“Gjatë shkuarjes në ligjërata kemi komunikuar ballë për ballë edhe në rrjetet sociale. “Por që kur kemi ndaluar së shkuari në ligjërata, komunikimi ka mbetur tërësisht në rrjetet sociale dhe bisedat telefonike”, shpjegon ajo.
Kolegët e saj nga Shtipi, nga PSU UGD, mendojnë se ata u përgjigjën më së miri që mundën për të gjitha sfidat dhe kërkesat nga studentët. Pandemia pengonte zbatimin e planeve të tyre dhe kriza preku punën e asambleve të fakulteteve, të cilat, megjithëse ekzistuese, nuk mund ta kryenin plotësisht funksionin e tyre.
“Duke qenë se të gjitha aktivitetet u ndaluan për shkak të koronavirusit, vetëm një pjesë e vogël e programit u implementua. Nëse e përballojmë këtë sfidë shëndetësore dhe nëse shoqëria fillon të funksionojë normalisht, shpresojmë për realizimin e plotë të planit dhe programit,” thonë nga UAS-UGD.
Megjithëse i kemi kontaktuar, kryetarët studentorë të Universitetit të Tetovës dhe Universitetit Nënë Tereza në Shkup nuk iu përgjigjën pyetjeve deri në momentin e publikimit të tekstit. Universiteti i Tetovës nuk iu përgjigj kërkesës sonë për qasje në informata me karakter publik edhe një muaj pasi ua dërguam dokumentin. Përgjigjet e shërbimeve të tyre kur i kontaktuam ishin se për shkak të online orëve kryetari i PSU nuk ka ardhur në universitet për t’iu përgjigjur disa prej pyetjeve.
Disa janë në dispozicion në Facebook, të tjerët nuk gjenden askund
Rrjetet sociale janë mënyra kryesore në të cilën parlamentet komunikojnë me studentët dhe publikun.
Faqe në Facebook kanë PSU të UKM, UGD, UKO dhe “Nënë Tereza”, ndërsa nga parlamentet e Universitetit të Tetovës dhe “Shën Apostull Pali” nuk mund t’i gjenim në këtë platformë.
Vetëm parlamentet e universiteteve të Shkupit, Stipit dhe Manastirit kanë faqe në Instagram, ndërsa në Twitter nuk gjetëm asnjë profil të ndonjë PSU.
Këto kanale shpesh ndajnë disa informacione të dobishme për studentët dhe promovojnë aktivitetet e parlamenteve. PSU është më aktivi në rrjetet sociale, ndërsa Asambleja e UGD-së përveç faqes në Facebook ka një grup prej gati 4 mijë përdoruesish, në të cilin studentët komunikojnë me njëri-tjetrin.
Asnjë Parlament Studentor Universitar nuk ka ueb faqen e vet. Në faqet e internetit të Universiteteve, nga ana tjetër, nuk ka pothuajse asnjë informacion në lidhje me organet përfaqësuese të studentëve.
Ilustruese është ajo që në faqen e internetit të UKM, në seksionin “Avokati i Studentëve” ka akoma shumë informacion të vjetra, në lidhje me Avokatin e mëparshëm. Shumë prej fakulteteve në UKM-së, nuk kanë ndonjë informacion në faqet e tyre, ose kanë të dhëna të pakta për parlamentet që janë protokollare, të rralla dhe të parregullta.
Universiteti i Tetovës ka një faqe të veçantë “Parlamenti Studentor” i cili përmban disa dokumente të vjetra në lidhje me trupën e mëparshme të studentëve, të miratuara në vitin 2016. Faqja përmban gjithashtu emrin dhe postën elektronike të kryetarit të PSU-së, Eliesa Zhaku. Sidoqoftë, në përpjekjet tona për ta kontaktuar, me email nuk morën ndonjë përgjigje.
Në faqet e universiteteve “Goce Dellçev”, “Nënë Tereza” dhe “Shën Apostulli Pali” nuk ka informacione të dukshme rreth organeve përfaqësuese të studentëve. Uebfaqja e UKO-së, ka një skedë të tërë kushtuar organizimit të studentëve, por në të përmbahen vetëm informacione të përgjithshme në lidhje me parlamentet, avokatin studentor dhe cilat janë përgjegjësitë e tyre. Kontaktet me përfaqësuesit e trupave studentor, risitë ose lidhjet me faqet e tjera nuk ekzistojnë.
Ligji thotë një gjë, realiteti diçka tjetër
Megjithëse formati i ri i organizimit studentor është rregulluar në Ligjin për arsimin e lartë, disa dispozita janë shkelur tashmë. Për shembull, dispozita se në afat prej gjashtë muaj pas hyrjes në fuqi të Ligjit duhet të realizohen zgjedhje për PSF si dhe zgjedhjen e avokatit të studentëve dhe zëvendësin e tij.
Zgjedhjet e para studentore u mbajtën më shumë se një vit pas hyrjes në fuqi të Ligjit, ndërsa avokatët studentor u zgjodhën vetëm në UKM dhe UKO. Ligji parashikon gjithashtu gjobë prej 2.000 euro për institucionet e arsimit të lartë që nuk shpallin zgjedhje për PSF. Sidoqoftë, nuk ka ndëshkime në rast se nuk zgjidhet avokat studentor.
Ligji përcakton që zgjedhjet për PSF duhet të mbahen në datë të përcaktuar nga parlamentet studentore të universiteteve. Statutet e universiteteve dhe fakulteteve duhet të rregullojnë vetëm procedurën për shpalljen e zgjedhjeve. Megjithatë, Fondacioni për zhvillimin e bashkësisë lokale nga Shtipi, të cilët ishin pjesë e autorëve të Analizës së valës së re të organizimit studentor në universitetet shtetërore në Shtip, Manastir dhe Tetovë, reagojnë se në këtë pjesë janë lënë paqartësi të caktuara.
“Si dobësi e zgjidhjes ligjore është mungesa e afatit të saktë kohor që do të garantojë se në cilën periudhë të vitit ose deri kur më së voni duhet të mbahen zgjedhjet studentore. Pasiguria dhe liria që u lihet universiteteve për ta përcaktuar më vete po provon të jetë një zgjidhje joefektive,” thonë nga Fondacioni, megjithëse thonë se pandemia mund të ketë ndikuar mbi këtë situatë.
Përveç kësaj, si problem të mundshëm tregojnë rregullimin e përbërjes dhe vëllimin e parlamenteve. Sipas Statutit të Universitetit, ekziston formulë e unifikuar për secilin parlament studentor të fakulteteve, duke mos lënë hapësirë për parlamentet studentore vetë ta rregulluar atë. Sipas tyre, problemi lind kur në praktikë numri i anëtarëve në parlament nuk korrespondon me numrin e studentëve të regjistruar në secilin fakultet specifik.
Financimi i parlamenteve, megjithatë, nuk është specifikuar në mënyrë konkrete në Ligj, që gjithashtu mund të jetë problematik. Ekziston vetëm një dispozitë në tekstin ligjor se “institucionet e arsimit të lartë janë të detyruara t’u sigurojnë parlamenteve studentore dispozicion të pavarur të fondeve për punën e tyre”.
Statuti i UKM-së, vetëm thotë në përgjithësi që puna e PSU dhe PSF financohet nga fondet e Universitetit, përkatësisht njësia, si dhe nga burime të tjera, si donacione, testamente, kontribute, etj, dhe në pothuajse në të njëjtën mënyrë këto detyrime rregullohen dhe në statutin e UKO dhe statutin e UGD-së. As Ligji dhe as statutet nuk japin hollësi se si do të mblidhen këto fonde, ose sa para u takojnë parlamenteve.
Rreth dilemave të financimit iu drejtuam gjashtë universiteteve shtetërore. Përgjigje kthyese morëm vetëm nga UGD, UKO dhe UINT. Universiteti i Shtipit na informoi se PSU financohet përmes 150 denarë nga secili student kur regjistron semestër tek, dhe nga buxheti në dispozicion përcaktohet në lidhje me numrin e përgjithshëm të studentëve të regjistruar. Nga ana tjetër, në UKO, shpërndarja e parave në PSU bëhet në përputhje me udhëzimet e lëshuara nga Senati i Universitetit.
“Me atë rregullohet mënyra e dhënies dhe përdorimit të fondeve, e cila bëhet në bazë të Kërkesës së paraqitur nga PSU me propozim për financimin e një aktiviteti specifik. Në atë kuptim, pagesa e faturave dhe shpenzimeve të tjera gjatë realizimit të aktiviteteve të PSU realizohet në përputhje me Planin për financimin e aktiviteteve studentore dhe Programin e Punës të PSU-së. Në atë mënyrë, faturat, për të gjitha prokurimet për nevojat e PSU-së, paguhen në përputhje me Procedurën për lëvizjen e faturave të Universitetit”, thonë nga UKO.
Ata shtojnë se këtë vit buxheti i përgjithshëm për PSU-së, është dyfishuar, nga 520 mijë në 1,1 milion denarë, duke shtuar se fondet e rritura praktikisht do të mbështesin qëndrimet, mendimet dhe idetë e studentëve. UKO veçanërisht thekson krijimin e fondeve speciale për pjesëmarrjen e studentëve në gara ndërkombëtare dhe mbështetjen për anëtarësimin në rrjetet e arsimit të lartë dhe lidhjen rajonale dhe globale.
Universiteti i Shtipit mendon se një nga ndryshimet në organizimin studentor, i cili duhet të konsiderohet në të ardhmen, është rritja e mandatit të përfaqësuesve të studentëve.
“Mënyra aktuale e funksionimit është nën sfidë të madhe për shkak të periudhës së shkurtër të funksionimit të parlamentit studentor të zgjedhur. Periudha prej një viti nuk është e mjaftueshme për të kryer aktivitetet e planifikuara, pavarësisht nëse është periudhë pandemie apo jo. Procesi i përcaktimit të planit dhe strategjisë, konfirmimin e të njëjtit në parlament kërkon kohë, që shkurton më tej periudhën për aktivitete specifike. Përveç kësaj, procesi i realizimit të zgjedhjeve dhe transferimi i kompetencave nga një parlament studentor në tjetrin e ndërlikon procesin”, thonë nga UGD.
Nga UINT thotë se meqenëse PSU nuk u formua, nuk u caktua asnjë buxhet për këtë trup studentor, duke shtuar se Universiteti ka planifikuar fonde për aktivitetet studentore. Ata tregojnë se në tetor të vitit 2019, janë shpallur zgjedhje për PSF në pesë fakultete, por interes kishte vetëm për njërin prej tyre. Ata shtojnë se pandemia parandaloi zhvillimin e zgjedhjeve të reja për përfaqësuesit e studentëve.
“Zgjedhjet për kryetar dhe anëtarë të parlamenteve studentore të fakultetit në periudhën nëntor / dhjetor 2020 u shtynë për shkak të situatës me pandeminë gjatë muajve të dimrit, në përputhje me vendimin e Senatit të Universitetit. “Senati do të rishikojë këtë çështje në lidhje me organizimin e zgjedhjeve gjatë muajit mars 2021, me prani fizike ose elektronike, dhe pasi të ketë kryer më parë konsultime me studentët”, thuhet në përgjigjen e UINT.
Ministria e Arsimit dhe Shkencës (MASH) nuk kishte një përgjigje precize në pyetjen tonë se si ata monitorojnë zbatimin e Ligjit në fushën e organizimit të studentëve.
“Ministria e Arsimit dhe Shkencës është në komunikim të vazhdueshëm me menaxhmentin e institucioneve të arsimit të lartë, por edhe me grupet individuale brenda të njëjtit – studentët dhe stafin mësimdhënës, në mënyrë që të përshpejtojë procesin e arritjes së efektit të plotë të dispozitave ligjore dhe vlerësojmë se ky proces është intensifikuar veçanërisht në muajt e fundit”, thuhet në përgjigjen e tyre.
Petar Barlakovski nga Forumi Arsimor Rinor (FAR) beson se duhet të lihet kohë për të përpunuar zgjidhjen aktuale ligjore. Vetëm atëherë mund të argumentohet se funksionimi i parlamenteve pengohet nga disa mangësi ligjore.
“Mund të thuhet se demokracia është rritur në të gjithë procesin e zgjedhjes së përfaqësuesve të studentëve, në drejtim të zgjedhjes legjitime të këtyre përfaqësuesve. Mendoj se ende ka vend për përmirësim, por rezultatet do të ishin krejtësisht të ndryshme nëse nuk do të përballeshim me pandeminë. Përveç kësaj, besoj se në të ardhmen duhet të rriten buxhetet e universiteteve dhe fakulteteve, dhe kështu edhe të vetë parlamenteve, në mënyrë që të rritet shtrirja e aktiviteteve dhe të përmirësohet puna e tyre”, tha ai.
Të përballur me rezistence të vërtetë
Përfaqësuesit e studentëve filluan me shumë entuziazëm dhe ide, por pas pandemisë ata u përballën me zhgënjim, shpjegon Mira Beqar, profesor me korrespodencë në Fakultetin Filologjik në Shkup. Sidoqoftë, shton ajo, nuk është profesionale që Kovid-19 të jetë justifikim për pasivitet.
“Nga Plenumet deri më tani, unë kam doktoraturë, jam bërë profesor asistent, pastaj profesor me korrespodencë, dhe ende pyesim veten pse organizata studentore assesi të ecë përpara”, tha Beqar.
Profesoresha përmend disa shembuj pozitivë nga PSF në fakultetin e saj. Aktivitete përmes të cilave studentët u njohën me organet e UKM, por gjithashtu u morën me aktivitete edukative, argëtuese dhe ekologjike. Sidoqoftë, nuk e kupton pse interesi për zgjedhjet e reja studentore është ulur dhe i inkurajon studentët të bashkohen në parlamentet e reja sepse, “ndjenja është unike dhe mbahet mend gjatë”.
“Është e vërtetë që studentët ndihen të harruar dhe ndjejnë se nuk kanë asnjë shans për të marrë vendime, kështu që pozicioni i tyre në vetë komunitetin akademik është vënë në pikëpyetje, por duhet shumë më shumë kohë dhe përkushtim sesa një vit për t’i bërë të tjerët të dëgjohen në komunitet”, thotë.
Për Aleksandra Filipova nga Këshilli Rinor Nacional i Maqedonisë (KRNM), ndryshimi në organizatën studentore është i madh, megjithatë, vëren ajo, vlerësimi i parlamenteve varet nga vetë përfaqësuesit e studentëve.
“Në të ardhmen, duhet të punojmë në kapërcimin e disa prej pengesave administrative gjatë studimit, përmirësimin e standardit të studentëve dhe cilësinë e mësimdhënies, parandalimin e diskriminimit dhe korrupsionit në arsimin e lartë dhe rregullimin e arsimit për kalimin më të lehtë nga procesi arsimor në tregun e punës”, sugjeron ajo.
Filipova njofton se nga ky vit, për anëtarësim në KRNM, do të mund të aplikojnë edhe parlamentet universitare.
Studiuesi i politikave arsimore të Universitetit të Oksfordit dhe studenti i doktoratës Martin Galevski e gjen problemin në faktin se vetë universitetet ende i shohin trupat e studentëve si formalitet. Prandaj, ai beson, është e vështirë të ndihet ndonjë ndryshim i vërtetë, megjithëse disa përfaqësues të studentëve po përpiqen t’i lëvizin gjërat për mirë.
“Problemi është se ata po përballen me rezistencë të vërtetë dhe madje edhe sabotim aktiv nga universitetet. Për shembull, mund të marrim mënyrën e zgjedhjes së përfaqësuesit të studentëve brenda Konferencës ndër-universitare, për zgjedhjen e të cilit parlamentet universitare ishin unanimisht kundër, ndërkaq megjithatë u votua nga profesorët dhe rektorët. Sikur të mos ishte mjaft zhgënjyese që në një trup prej 16 anëtarësh, studentët kanë vetëm një përfaqësues, por duhej në mënyrë plotësuese të kompromentohej edhe për atë një anëtar”, tha Galevski.
Sipas tij, çdo ndryshim i ardhshëm në organizimin e studentëve për demokraci dhe pavarësi më të madhe duhet të fillojë me ndryshim të të menduarit nga universitetet.
Si deri te parlamenti i fortë?
Në vitin 2021, shpresat e studentëve dhe përfaqësuesve të tyre janë që jeta studentore të paktën pjesërisht të fillojë të kthehet në atë “normalitet” para pandemisë.
Zgjedhjet e dyta për përfaqësuesit e studentëve përfunduan në UKO dhe aktualisht po përfundojnë në UKM. Sidoqoftë, nuk ka njoftime për zgjedhje në UGD dhe UINT që do të zhvillohen së shpejti. Nuk morëm asnjë përgjigje nga Universiteti i Tetovës dhe Universiteti Nënë Tereza, dhe as nuk arritëm të gjenim informacione publikisht të qasshme se atje ishin mbajtur ose planifikuar zgjedhje të reja.
Në të ardhmen, disa udhëheqës studentësh planifikojnë të bashkohen në një parlament nacional studentor, i cili sipas tyre do të mundësonte bashkëpunim më të mirë, por edhe ndikim më të madh në politikat e përqendruara në arsimin e lartë.
Petrovski, student i UKM, në të ardhmen dëshiron që parlamentet studentore të përqendrohen më shumë dhe të komunikojnë me studentët. Si në nivel individual ashtu edhe në grupe, sipas gjeneratave.
“Thjesht ndarja e një pyetësori në Facebook dhe pritja që dikush t’ju shkruaj nuk është e mjaftueshme. Duhet të uleni me njerëzit dhe t’i motivoni të raportojnë problemet sepse ne zakonisht jemi mësuar dhe jemi detyruar të heshtim dhe të vuajmë padrejtësi”, tha ai.
Nga ana tjetër, Eftimov pasardhësit të tij, i cili do të drejtojë studentët në UKM vitin e ardhshëm, i rekomandon të përqendrohet në ndërtimin e imazhit të parlamentit dhe të ruhet nga labirintet burokratike në të cilat ai mund të bllokohet gjatë punës.
“Parlamenti mund të jetë i fuqishëm vetëm nëse studentët marrin pjesë dhe kanë besim në të. Nuk mund të bëjë asgjë vetëm. Duhet të jetë koordinator, jo krijues i aktiviteteve të studentëve. Nëse studentët kanë besim, asgjë më tej nuk është e pamundur”, përfundon ai.
Emilija Petreska dhe Daniell Evrosimoski
*Përgatitja e kësaj storje kërkimore është mbështetur nga Iniciativa për Demokraci në Ballkanin Perëndimor, program i Fondacionit Westminster për Demokraci. Përmbajtja e kësaj storje kërkimore nuk pasqyron domosdoshmërisht pikëpamjet ose mendimet e Fondacionit Westminster për Demokraci ose Qeverisë Britanike.