Никој не ги ферма младите – пандемијата, изборите и апатијата ги закочија младинските политики

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Изминатата година беше тешка за младите. Пандемија буквално ги затвори дома,  принудувајќи ги да ја прифатат новата реалност. Изборите пак, дополнително ги закочија сите процеси со кои младите конечно требаше да излезат од маргините, да бидат слушнати, да станат дел од општествените процеси, но и да останат да живеат во земјава. Тоа пак конечно им се понуди со Законот за млади кој вклучува формирање на Локални младински совети, Национално собрание, службеници за млади во сите институции, но, нивната реализација досега остана само на хартија.

    Општинската организација на Црвениот крст во Кичево е местото каде секојдневно волонтира младата Ивана Лазеска. Волонтер во Црвениот крст е од свои 13 години. Во 2015 година станува член на првиот локален младински совет во Кичево. Со големи амбиции и желби за промени, во 2019 година е избрана за претседателка на советот.

    „Кај нас е мала средина и ќе ти речат, ‘ти одиш за беспари и го трошиш времето, поарно нигде не оди, отколку еве, за беспари да седиш во Црвен крст или во Совет на млади’“, малку разочарано објаснува Лазеска.

    Фото: ФБ/12.12.2109 Подготовка на предлог програмата за 2020 на ЛМС Кичево

    Тоа не ја обесхрабрило. Најважно и било да се направат неопходните документи за функционирање на советот, како и да се проговори за најголемите проблеми кои ги засегаат младите во Кичево – невработеноста, превозот до руралните средини и иселувањето. Но само што сериозно ги почнале своите активности, се случува пандемијата. Голем дел од планираното оставиле за некои подобри времиња. Двете години мандат минале пребрзо. Иако не успеала да го оствари ветеното, Лазеска е задоволна бидејќи го изгазиле патот за новите генерации.

    „За разлика од времето кога јас бев средно, сега младите имаат повеќе можности да бидат чуени. И од страна на општината имаат можност некој да ги прими. За разлика од претходно, кога ние имавме иницијативи или некакви барања од општината, нас никој не сакаше да не слушне“, вели таа.

    Само дванаесет општини имаат локален совет за млади

    Законот за млади, чие целосно име гласи Закон за младинско учество и младински политики требаше да биде пресвртница во младинското организирање, и на национално, и на локално ниво. Според одредбите во него, во рок од една година сите општини беа обврзани да формираат локални младински совети (ЛМС), да отстапат простор кој ќе биде канцеларија за млади, да именуваат лице кое ќе ја врши функцијата – службеник за млади за младите конечно да бидат слушнати, а со тоа и да почнат да се решаваат нивните проблеми.

    Сепак, во моментот активни младински совети освен во Кичево, има во уште единаесет општини. Ова се податоците до кои дојде Радио МОФ преку барањата за пристап до информации од јавен карактер, испратени до сите 81 општина во земјава, заедно со Град Скопје. Барањата беа испратени на крајот на декември, непосредно пред истекувањето на рокот од една година што го имаа општините за основање на советите.

    Притоа, од 22 општини одговориле дека во изминатите десет години, во одреден период имале формирано локални младински совети, додека 35 општини пријавиле дека немале локален младински совет. Дел од нив велат дека постапката е во тек, или пак најавуваат дека се прават подготовки за нивно формирање. Дел од општините, односно 12 општини не одговорија по електронски пат на барањата кои ги испрати до нив Радио МОФ, поврзани со имплементацијата на Законот за млади на локално ниво.

    Општините затечени од Законот за млади

    Во планините меѓу Дебар и Струга е сместена малата општина Центар Жупа, составена од 23 села, од кои некои се сосема раселени. Според пописот од 2002 година, тука живеат 6.519 жители. Има две основни училишта и едно средно, во кое учат стотина ученици.

    Формирањето на локални младински совети и исполнувањето на одредбите од Законот е предизвик за малите општини, вели градоначалникот Аријан Ибраим. Жупа е печалбарски регион, а младите си заминуваат.

    „Централната власт треба да има во предвид за кого ги носи законите“, вели тој. Никој не ги прашал, појаснува, ниту за Законот за млади, ниту за формирањето на младинските совети. Затечен од прашањата на Радио МОФ, забележува дека како општина ќе мора ги исполнат законските одредби, но додава дека „не може државата за еден да е мајка, за друг маќеа“ појаснувајќи дека и единствената спортска сала која им била ветена за младите пред цела деценија, не е направена. Укажува дека одвојувањето дополнителни средства од општински буџет е ново оптеретување. Секоја помош од централната власт, додава, ќе биде значајна и добродојдена.

    „Позитивниот дел на короната е што остави неколку млади тука“, вели градоначалникот, неуверен дека младинските совети се решение за горливиот проблем со иселувањето.

    И Душица Перишиќ, извршната директорка на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локална самоуправа) вели дека уште при носењето на законот, очекувала дека ќе има сериозен проблем со неговата имплементација на локално ниво.

    „Мислам дека замислата на крај на краиштата со овој закон е добра. Овозможува младите да бидат вклучени во животот на локалната самоуправа, во работата на локалната самоуправа, да помогнат, да креираат нови проекти, да помогнат на младите во секоја општина, меѓутоа тоа не е изводливо за помалите општини, да се разбереме, дури е тешко и за поголемите. Ние имаме случај дека Општина Штип има распишано конкурс за пријавување на луѓе кои ќе бидат дел од Советот, не знам колку месеци, ако не и години и не им се пријавуваат доволен број млади лица“, вели Перишиќ.

    Ваков случај се појавил и при формирањето ЛМС во Свети Николе, според одговорите добиени со барањата за пристап до информации од јавен карактер. Откако завршил мандатот на членовите на претходниот совет, на јавниот оглас објавен на крајот на 2019 година, не се пријавил ниту еден кандидат. Истото се случило и во Радовиш, каде уште во 2009 година успеале да формираат совет на млади во општината како пилот проект, но подоцна никој не сакал да се пријави како член.

    Законот за млади досега не бил дискутиран на ниту една седница на ЗЕЛС, вели Перишиќ. Според неа, младите се тие што треба да притискаат за создавањето локални младински совети.

    „Треба дополнително да ги ангажираат младите, на нив да им се објасни што ова значи, на нив да им се објасни која ќе биде нивната придобивка. Ако тоа го направиме, тогаш ќе имаме сигурно и поголема респонзивност од страна на општините, кога ќе видат дека постои интерес и дека навистина ова би им значело на младите. А вака, ниту младите се загрижени, ниту општините нешто посветуваат многу внимание на тоа и законот ни лебди некако во воздух“, смета таа.

    Дека младите се тие што мора да го туркаат процесот се согласува и Ивана Туфегџиќ, која како пратеничка во претходниот собраниски состав се залагаше за младинските прашања во македонското Собрание. Изминатиот период забележува дека изостанал притисокот. Пандемијата, вели таа, не смее да биде оправдување.

    „Самото изгласување на законот не значи ништо, доколку законот не се имплементира и доколку младинските организации не притискаат до институциите, особено до Владата за имплементација на самиот закон. Пратениците заедно со младинските организации ќе мора сериозно да ја притиснат Агенцијата за млади и спорт како најнадлежна, не само за спроведување на законот, туку и за изнаоѓање на начини како младите луѓе ќе се вклучат во овој т.н. ковид и постковид период“, децидна е таа.

    Законот за млади, додава, како ретко кој закон беше донесен со поддршка на сите партии. Сега, со неговото неспроведување, е уверена дека младите се тие што губат најмногу.

    „Ние не охрабруваме млади луѓе да се вклучуваат. Ние ги држиме само во ќошот – вие сега ќе дискутирате стриктно за младински политики, без разлика што младински политики значат и борба против корупција, здравствена политика, пристап до образование, пристап до социјална политика, итн… Ние ги држиме во ќошот, и кога ќе решат да влезат во политика на пример, тогаш викаме многу се млади, што бараат таму. Кога не се влезени во политика, тогаш па многу се стари. Кога влегуваат во институции, ‘ајде сега тој таму пушти го нека оди по бурек’“, реагира Туфегџиќ.

    Службеник за млади „и противпожарна заштита“

    Со цел да им се помогне на младите да биде чуен нивниот глас, законот предвиде службеник за млади во секоја општина, но и во секој орган на државната управа. 17 општини за Радио МОФ одговориле дека имаат назначено службеник за млади, 47 дека немаат назначено вакво лице, додека останатите општини не одговориле на прашањата на Радио МОФ, доставени преку барањата за пристап до информации од јавен карактер. Две од општините кои не назначиле службеник, навеле дека за младинските прашања кај нив е одговорно Одделението за локален економски развој.

    За Арбен Ристеми, кој беше назначен за службеник за млади во општина Кичево, оваа функција е линкот меѓу младите и општината, но и меѓу членовите на локалниот младински совет и општинските власти. Тој со години бил и координатор на младинскиот совет, а новата функција вели дека му донела дополнителна одговорност како вработен во општината. Смета дека за разлика од порано, сега е многу полесно еден млад човек да дојде во општината и да наиде на помош и разбирање.

    „Ако порано имало недоверба кон институција, немањето простор, комуникацијата, лице кое назначено, сега те мотивира тоа… Те гледаат луѓето како човек кој може нешто да им промени“, вели Ристеми.

    Со оглед на малиот број вработени во одредени општини, функцијата службеник за млади се додава покрај останатите одговорности на назначеното лице. Така на пример, во општина Градско оваа функција е доделена на „Советникот за образование, култура, спорт и противпожарна заштита“, додека во Делчево за младинските прашања е задолжено лицето вработено како „помлад соработник за јавни дејности“. Од Град Скопје пак, како најголема општина, кусо одговорија дека имаат вработено две лица на работно место „помлад соработник за млади“, кои ги вршат своите работни задачи и обврски во Одделението за спорт и млади.

    На национално ниво пак состојбата е уште полоша, а функцијата службеник за млади не може да се најде при пребарувањата на сајтовите на министерствата, ниту пак кај другите органи на државната управа. Не постои ниту во систематизацијата на работни места во администрацијата.

    Советникот за младински прашања во владиниот кабинет Ѓорѓи Тасев, кој вели дека на оваа тема било разговарано со министерството за информатичко општество и администрација за законски измени што ќе овозможат полесно назначување службеник за млади.

    „Добив уверување дека ќе се посвети внимание на позицијата службеник за млади да ја има во секоја национална и локална институција, како што е во законот, и да се објави на веб-страницата, што е многу важно“, уверува тој.

    Радио МОФ испрати прашања до Министерството за информатичко општество и администрација поврзани со позицијата службеник за млади во органите на државната управа, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.

    Закон има, младински тела нема

    Имплементацијата на законот заглави и при формирањето на младинските тела на национално ниво. Требаше да се формира Националното советодавно тело за младински политики кое ги собира на едно место институциите и младите. Не е воспоставено ниту телото кое треба да ги номинира претставниците на младите за овој совет – односно Националното собрание на млади. Доцнењето на имплементацијата на Законот за млади, од Агенцијата за млади и спорт го правдаат со пандемијата.

    „Причина за доцнењето е глобалната пандемија што не ја одмина ниту државата, како и кратењето на буџетот на Агенција за млади и спорт, со што сме спречени во целост да го отпочнеме спроведувањето на законот и негова имплементација“, велат од Агенцијата.

    фото: АМС – Онлајн состанок за формирање и реструктуирање на ЛМС

    Во моментов, додаваат, се работи и на изготвување на прирачник за локални младински совети со цел на општините и сите останати субјекти да им се излезе во пресрет и им се понуди патоказ како да се креираат и функционираат локалните младински совети.

    „Веќе се контактирани околу 50 општини (известени беа сите 81 и градот Скопје и само од тие 50 добивме повратено одговор) кои го започнуваат процесот на формирање на младински совети, а е дадена и насока за отворање на канцеларии за млади во секоја општина“, велат од АМС.

    Агенцијата исто така ги пречекори и законските рокови за воспоставувањето на истражувачкиот центар за различни теми поврзани со младите.

    „За да се воспостави и стави во функција истражувачкиот центар во рамки на Агенцијата за млади и спорт потребно е да се предвиди нова организациона единица во склоп на Сектор млади, за кое постапката е во тек и се работи на измена на систематизацијата на работни места, бидејќи постоечката не предвидува. За да се заврши измената потребно е да се добие согласност и од други надлежни институции. Постапката е во тек и ќе бидете навремено информирани за целата постапка“, стои во одговорот од Агенцијата испратен до Радио МОФ.

    Пандемијата го изеде буџетот за млади

    За Законот за млади, од Буџетот на Република Северна Македонија секоја година треба да се издвојуваат средства во висина од најмалку 0,3%. Од буџетите на општините пак е пропишано да се двои најмалку 0,1% на годишно ниво. На општинско ниво, не постои усогласеност за тоа под кои буџетски ставки треба да се издвојат неопходните средства за младинските совети и за спроведување на младинските политки. Во одговорите кои ги доби Радио МОФ 36 општини одговориле дека немаат издвоени средства според Законот за млади, 16 општини не одговориле, додека останатите велат дека издвојувале средства во ставки како „разни трансфери“, „спорт“, „општинска администрација“ или во повеќе буџетски ставки, со намена да се искористат за младите во општината.

    За тоа дека буџетирањето им претставува проблем, во својот одговор до Радио МОФ укажуваат од Општина Карпош, каде го разгледувале ова прашање.

    „Општина Карпош во Буџетот за 2021 година нема одвоено 0,1% согласно Законот за младинско учество и младински политики, од причина што сѐ уште чекаме насоки од Министерство за финансии на РСМ во однос на тоа во која програма и на која ставка  треба да се предвиди законски определениот процент“, стои во одговорот на оваа општина.

    Од Град Скопје пак на прашањето велат дека за „млади и младинско дејствување во Скопје“ се издвоени 3.100.000 денари. Во нивниот одговор до Радио МОФ посочуваат дека тоа се 20,6 % буџетски средства од Програма за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за 2021 година. Сепак и покрај ваквиот одговор, ако се има во предвид годинешниот буџет на Град Скопје, законот бара само за младинските политики да се одвојат најмалку двојно повеќе средства од предвидените.

    Фото: Радио МОФ/ Млади во кафуле

    Проблем има и во државниот буџет, кој годинава е проектиран на 4 милијарди евра. Според законот, од нив 0,3 отсто или околу 12 милиони евра треба да се одвојат за младинско организирање и младински политики.

    „Во државниот буџет за оваа година се проектирани средства наменети за младите во Република Северна Македонија што ги исполнуваат законските 0,3%. Но, политиката на Владата е овој процент да расте“, велат од Владата.

    Сепак, во пресметката испратена до Радио МОФ,  од Владата ги набројуваат сите трансфери наменети за млади, без да бидат издвоени средствата за младинско организирање и политики. Оттука, сумата изнесува над 50 милиони евра, но тука се вбројуваат сите средства предвидени за младински додаток, стипендии, партиципации за студентски и ученички домови, политики за вработување млади, субвенции, обуки и практиканство, пари за млади земјоделци, за лица кои користат средства од Фондот за иновации…

    Истовремено, во буџетот на Агенцијата на млади и спорт која е најодговорна за имплементирање на законот, за млади се издвоени околу 320 илјади евра. Ова е најниска сума во последните пет години. Најмногу пари беа предвидени лани, над половина милион евра, но пандемијата изеде голем дел од нив.

    „Во сите државни институции се скратени буџетите. Државата мора добро да изменаџира со финансиските средства кои и се на располагање за успешно справување со кризата произлезена од пандемијата, која ја зафати и нашата држава, како и сите останати држави. Мора да се обезбедат средства за мерките предвидени за помош на ранливите категории во државата. Се надеваме дека буџетот за наредна година или евентуално ако се прави ребаланс,  ќе биде со поголем износ, а нашата држава ќе излезе од овој тек на настани и ќе може да се посветиме на реализирање на приоритетите од Законот за младинско учество и младински политики“, велат од Агенцијата за млади и спорт, укажувајќи дека сепак годинава ќе ги реализираат законските обврски што произлегуваат од Законот за млади.

    Екс-пратеничката Туфегџиќ е незадоволна од ваквите буџетски кратења.

    „Нејасен е аргументот да скратите финансиски средства од кај младите, а притоа да оставите репрезентации, високи плати на разноразни агенции, директори, управни одбори, надзорни одбори, вакви одбори, такви одбори… Тоа е едноставно парадоксално “, вели таа.

    Се потсетува дека и за време на нејзиниот мандат неопходно било силно лобирање за да се обезбеди буџет за младинските политики. Забележува дека тоа сега ќе треба да го прават младите пратеници, кои се дел од новиот собраниски состав.

    Фото: Собрание на РСМ/Конституирање на Клубот за младински прашања и политики на Собранието

    Еден од нив е Јован Јаулески, кој неодамна беше назначен за координатор на Клубот за младински прашања и политики на Собранието. Вели дека негова, но и заложба на младите пратеници е во периодот кој следува да ја следат засега закочената имплементација на Законот за млади.

    „Како пратеник постојано се среќавам со млади кои добро го познаваат законот, но поради неефикасноста на институциите сѐ уште позитивните ефекти кои треба да ги донесе законот не се видливи. Заедно со колегите од клубот за младински политики и прашања во следниот период ќе оствариме бројни средби со институциите за да ја поттикнеме исполнување на обврските согласно законот“, најавува Јаулески.

    Закон за млади, за поорганизирани млади

    Во 2015 година, локален младински совет се формира во општина Центар. За претседател беше избран Горан Таневски. Шест години подоцна, кога размислува за времето поминато во младинскиот совет,  вели токму тоа е местото што го порасна, го направи посериозен и го научи работи кои немало каде да ги научи.

    Локален младински совет во Општина Центар

    Сепак, дури и во општина каде што гравитираат многу млади, најголемите младински организации, партиски подмладоци, иницијативи, Таневски објаснува дека воопшто не било лесно да се привлечат младите.

    „Се трудевме многу. Освен што сме избрани од младинските организации, се трудевме и да нé запознаат млади од Општина Центар. Е сега, дали го погодивме тоа, не сум баш сигурен. На пример, правевме отворен ден на млади во Општина Центар и буквално висевме неколкупати, а никој не дојде во канцеларијата за млади да се распраша, иако беше објавено секаде каде можевме. Никако не ни беше сеедно, ама први бевме, и знаевме дека што и да направиме е повеќе од претходно“, се потсетува тој.

    Сепак, во ниту еден момент не зажалил што бил дел од еден ваков процес. И смета дека секој кој сака, треба да се вклучи. Добро е за младите, добро е и за општеството. Но, укажува дека секој мора да има на ум дека членувањето во младински совет е волонтерска работа и бара голем ентузијазам. Законското решение е една работа, вели, но волјата да се направи нешто е сосема друго.

    „Мислам дека се менува полека климата и дека одат работите на подобро во однос на локалните младински совети. Е сега, процесот не е едностран. Дури и кога има законско решение, секако треба да постои волја и од политичките институции, но многу повеќе и од младинските организации“, додава Таневски.

    Бојан Петровски, претседателот на Националниот младински совет на Македонија –НМСМ се согласува дека младите мора да притискаат за исполнување на законот, ама смета дека се погрешни тврдењата дека младинските организации го заборавија овој процес во годината што измина.

    „Пандемијата не е изговор за државата, од друга страна младинските организации со сериозни проблеми се соочуваат за време на пандемијата многу поголеми, од тоа што ги имаат капацитетите и ресурсите за решавање на проблеми државата. Не смееме да дозволиме да ги ставиме младинските организации во ситуација дека не вршеле доволно притисок. Дадовме доволно потребно време за имплементација, и почеток на имплементација на законот. Тоа време истекува“, вели Петровски.

    Во периодот кој следува, тој најавува дека ќе расте притисокот за имплементација на овој закон.

    „Мислам дека треба да се научиме на одговорност, на одговорност што ја нема, да се научиме дека мора да има одговорност при неспроведување на закон. Мора да се научиме дека раководните луѓе кои што треба тоа да го спроведат, мора да сносат одговорност доколку не се почитува законот“, дециден е Петровски.

    Според него, веќе е изгубено премногу време за решавање на статусот на младите во македонското општество. Предупредува дека додека се чека „многу млади можеби ќе си го најдат патот на друго место или во друга држава“.

    Ќе останат ли млади за да ги полнат младинските совети?!

    Ивана Лазеска

    Ивана Лазеска, претседателката на советот во Кичево вели дека не сака да ја напушти земјава. Но, забележува дека се помалку млади има во Кичево. И во локалниот младински совет посочува дека работат главно со средношколци, затоа што оние што заминале да студираат надвор од Кичево, ретко се враќаат назад.

    Во младинските совети гледа трошка надеж, за младите во нејзиниот град.

    „Младите мора да ги бараат своите права, да не се откажуваат на секоја кочница. Се надевам дека тоа ќе биде слушнато, дека самата држава ќе ги истурка тие младински совети и ќе ги препознае како движечка сила на младите каде што треба да бидат слушнати“, вели 26-годишната кичевчанка.

    Јасмина Јакимова и Мартин Колоски

     

    *Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.

     

  • Askush nuk i përfill të rinjtë – pandemia, zgjedhjet dhe apatia i penguan politikat e të rinjve

    Viti i kaluar ka qenë i vështirë për të rinjtë. Pandemia thjesht i mbylli në shtëpi, duke i detyruar ta pranojnë realitetin e ri. Nga ana tjetër, zgjedhjet i bllokuan gjithashtu të gjitha proceset me të cilat të rinjtë përfundimisht duhej të dilnin nga margjinat, për t’u dëgjuar, për t’u bërë pjesë e proceseve shoqërore, por edhe për të qëndruar dhe jetuar në vend. Kjo më në fund u ofrua atyre me Ligjin për të rinjtë, i cili përfshin formimin e Këshillave rinore lokale, Kuvendit Kombëtar, zyrtarë për të rinjtë në të gjitha institucionet, por, realizimi i tyre deri më tani mbeti vetëm në letër.

    Organizata komunale e Kryqit të Kuq në Kërçovë është vendi ku çdo ditë Ivana Lazeska kontribuon vullnetarisht. Si vullnetare në Kryqin e Kuq është që nga mosha 13 vjeçare. Në 2015 ajo bëhet anëtare e këshillit të parë rinor lokal në Kërçovë. Me ambicie dhe dëshira të mëdha për ndryshim, në vitin 2019 ajo zgjidhet kryetare e këshillit.

    “Ne jemi një mjedis i vogël dhe ata do t’ju thonë,” ti shkon punon pa para dhe e humb kohën, më mirë mos shko askund sesa të rrish pa para në Kryqin e Kuq ose në Këshillin Rinor”,” shpjegon Lazeska pak e zhgënjyer.

    Foto: FB/12.12.2109 Përgatitja e Propozim-programit për vitin 2020 të KRL Kërçovë.

    Kjo nuk e ka dekurajuar atë. Gjëja më e rëndësishme për të ka qenë që të bëhen dokumentet e nevojshme për funksionimin e këshillit, si dhe të flitet për problemet më të mëdha që prekin të rinjtë në Kërçovë – papunësia, transporti në mjediset rurale dhe emigrimi. Por sapo ata filluan seriozisht aktivitetet e tyre, ndodhi pandemia. Një pjesë e mirë e aktiviteteve të planifikuara i lanë për kohë më të mira. Mandati dy vjeçar kaloi shumë shpejt. Edhe pse nuk arriti ta përmbush premtimin, Lazeska është e kënaqur sepse ata ua hapën rrugën brezave të rinj.

    “Për dallim nga ajo kohë kur unë isha në shkollë të mesme, të rinjtë tani kanë më shumë mundësi për t’u dëgjuar. Gjithashtu kanë mundësi që edhe nga Komuna t’i pranojë dikush ato. “Ndryshe nga më parë, kur kishim iniciativa ose disa kërkesa nga komuna, askush nuk donte të na dëgjonte,” thotë ajo.

    Vetëm dymbëdhjetë komuna kanë këshill rinor lokal

    Ligji për të rinjtë, emri i plotë i të cilit është Ligji për pjesëmarrjen e të rinjve dhe politikat e të rinjve, duhej të ishte një kthesë në organizimin e të rinjve, edhe në nivel kombëtar dhe edhe në nivel lokal. Sipas dispozitave në të, brenda një viti të gjitha komunat ishin të detyruara të formonin këshillat rinore lokale (KRL), për të lëshuar hapësirë ​​e cila do të jetë një zyrë për të rinjtë, për të caktuar një person i cili do të kryejë funksionin – zyrtari i të rinjve që të rinjtë përfundimisht të dëgjohen, dhe kështu të fillojnë të zgjidhen problemet e tyre.

    Sidoqoftë, për momentin, përveç Kërçovës, këshilla aktivë rinorë ka edhe në njëmbëdhjetë komuna tjera. Këto janë të dhënat e marra nga Radio MOF përmes kërkesave për qasje në informata publike, të dërguara në të gjitha 81 komunat në vend, së bashku me Qytetin e Shkupit. Kërkesat u dërguan në fund të dhjetorit, pak para mbarimit të afatit një vjeçar që e kanë komunat për themelimin e këshillave.

    Gjithashtu, 22 komuna u përgjigjën se në dhjetë vitet e fundit, në periudhë të caktuar, ata kanë formuar këshilla lokale rinore, ndërsa 35 komuna kanë raportuar se nuk kanë këshill rinor lokal. Disa prej tyre thonë se procedura është në vazhdim, ose njoftojnë se janë duke u bërë përgatitje për formimin e tyre. Disa nga komunat, përkatësisht 12 komuna nuk u përgjigjën në mënyrë elektronike kërkesave të dërguara nga Radio MOF, në lidhje me zbatimin e Ligjit për të rinjtë në nivel lokal.

    Ligji për të rinjtë sfidë për komunat

    Në malet midis Dibrës dhe Strugës ndodhet komuna e vogël Qendra Zhupa, e cila përbëhet prej 23 fshatrave, nga disa prej tyre janë shpërngulur plotësisht. Sipas regjistrimit të vitit 2002, këtu jetojnë 6,519 banorë. Ka dy shkolla fillore dhe një shkollë e mesme, me qindra nxënës.

    Formimi i këshillave rinore lokale dhe përmbushja e dispozitave të ligjit është sfidë për komunat e vogla, thotë Kryetari i Komunës Arian Ibraim. Zhupa është një rajon i kurbetçinjve, ndërsa të rinjtë po largohen.

    “Qeveria qendrore duhet të marrë parasysh se për kë i miraton ligjet,” thotë ai. Askush nuk i ka pyetur ata, shpjegon ai, as për Ligjin për të rinjtë, as për formimin e këshillave rinore. Nga pyetjet e parashtruara nga Radio MOF, ai thekson se si komunë do të duhet t’i përmbushin dispozitat ligjore, por shton se “shteti nuk mund të jetë nënë për njërin, e njerkë për tjetrin”, duke shpjeguar se salla e vetme e sportit që u ishte premtuar të rinjve para një dekade, nuk është bërë ende. Ai shton se ndarja e mjeteve shtesë nga buxheti i komunës është ngarkesë e re. Çdo ndihmë nga qeveria qendrore, shton ai, do të ishte e rëndësishme dhe e mirëpritur.

    “Pjesa pozitive e koronës është se ajo la disa të rinj këtu,” thotë kryetari i komunës, i cili nuk është i bindur se këshillat rinore janë zgjidhje për problemin e shpërnguljes.

    Edhe Dushica Perishiç, drejtoreshë ekzekutive e BNJVL-së (Bashkësia e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale) thotë se edhe gjatë miratimit të ligjit, ajo ka pritur që do të ketë problem serioz me zbatimin e tij në nivel lokal.

    “Unë mendoj se në instancë të fundit ideja me këtë ligj është e mirë. Ofron mundësi që të rinjtë të përfshihen në jetën e vetëqeverisjes lokale, në punën e vetëqeverisjes lokale, të ndihmojnë, të krijojnë projekte të reja, t’u ndihmojnë të rinjve në çdo komunë, por megjithatë nuk është e realizueshme për komunat më të vogla, madje është e vështirë edhe për komuna më të mëdha. Kemi rast që Komuna e Shtipit ka shpallur konkurs për paraqitjen e njerëzve që do të jenë pjesë e Këshillit, nuk e di sa muaj, nëse jo edhe vite dhe nuk paraqiten numër i mjaftueshëm i të rinjve ”, thotë Perishiç.

    Një rast i tillë është paraqitur edhe gjatë themelimit të KRL në Shën Nikollë, sipas përgjigjeve të marra me kërkesat për qasje në informatat me karakter publik. Pas përfundimit të mandatit të anëtarëve të këshillit të mëparshëm, në konkursin publik të shpallur në fund të vitit 2019, nuk është paraqitur asnjë kandidat. E njëjta gjë ndodhi edhe në Radovish, ku në vitin 2009 ata arritën të formojnë këshill rinor në komunën si një pilot-projekt, por më vonë askush nuk ka dëshiruar të paraqitet si anëtar.

    Ligji për të rinjtë  deri më tani nuk është diskutuar në asnjë seancë të BNJVL-së, thotë Perishiç. Sipas saj, të rinjtë janë ata që duhet të nxisin formimin e këshillave rinore lokale.

    “Ata duhet të angazhojnë në mënyrë plotësuese të rinjtë, që t’u shpjegohet atyre se çfarë do të thotë kjo, se cili do të jetë përfitimi i tyre.” Nëse e bëjmë atë, atëherë sigurisht që do të kemi një responzivitet (përgjigje) më të madh nga komunat, kur do të shohin se ka interes dhe se kjo vërtetë do të kishte rëndësi për të rinjtë. Ndërsa kështu, as të rinjtë nuk janë të interesuar, as komunat nuk i kushtojnë shumë vëmendje kësaj, dhe ligji disi rri pezull në ajër,” thekson ajo.

    Ivana Tufegxhiq, e cila si deputete në ish-përbërjen parlamentare angazhohej për çështjet e të rinjve në Parlamentin e Maqedonisë,  pajtohet që të rinjtë janë ata që duhet të shtyjnë procesin. Në periudhën e kaluar vërehet se ka munguar presioni. Pandemia, thotë ajo, nuk duhet të jetë justifikim.

    “Vetë miratimi i ligjit nuk do të thotë asgjë, nëse ligji nuk zbatohet dhe nëse organizatat rinore nuk bëjnë presion mbi institucionet, posaçërisht Qeverinë për zbatimin e vetë ligjit. Deputetët së bashku me organizatat rinore do të duhet të bëjnë presion seriozisht mbi Agjencinë e të Rinjve dhe Sportit si më kompetente, jo vetëm për zbatimin e ligjit, por edhe për gjetjen e mënyrave që të rinjtë të përfshihen në këtë periudhë të ashtuquajtur periudha kovid dhe post-kovid “, thotë në mënyrë decide.

    Ajo thekson se Ligji për të rinjtë është ligji i rrallë i cili u miratua me mbështetjen e të gjitha partive. Tani, me moszbatimin e saj, ajo është e bindur se të rinjtë janë ata që humbin më shumë.

    “Ne nuk i inkurajojmë të rinjtë të përfshihen. Ne vetëm i mbajmë ato në qoshe – ju tani do të diskutoni për politikat rinore në mënyrë rigoroze, pa marrë parasysh se politikat rinore nënkuptojnë edhe luftë kundër korrupsionit, politika shëndetësore, qasje në arsim, qasje në politikën sociale, etj.… Ne i mbajmë ato në qoshe, dhe kur vendosin të futen në politikë për shembull, atëherë ne themi ata janë shumë të rinj, çfarë kërkojnë atje. Kur nuk hyjnë në politikë, atëherë ata janë shumë të vjetër. “Kur ata hyjnë në institucione, ‘atëherë lëre të shkojë atje tani për një byrek’,” reagon Tufegxhiç.

    Zyrtari i të rinjve dhe mbrojtja kundërzjarrit

    Në mënyrë që t’u ndihmohet të rinjve që të dëgjohet zëri i tyre, ligji parashikoi zyrtar për të rinjtë në secilën komunë, por edhe në çdo organ të administratës shtetërore. 17 komuna u përgjigjën për Radio MOF se kanë caktuar një zyrtar i të rinjve, 47 që nuk kanë caktuar zyrtar të tillë, ndërsa komunat e tjera nuk u përgjigjën pyetjeve të Radio MOF, të dorëzuara përmes kërkesave për qasje në informatat me karakter publik. Dy nga komunat që nuk kanë caktuar zyrtar kanë theksuar se përgjegjës për çështjet rinore është Seksioni i Zhvillimit Ekonomik Lokal.

    Për Arben Ristemi, i cili u caktua zyrtar i të rinjve në komunën e Kërçovës, ky funksion është lidhja midis të rinjve dhe komunës, por gjithashtu midis anëtarëve të këshillit lokal të rinisë dhe autoriteteve komunale. Ai vite me radhë ka qenë edhe koordinator i këshillit rinor, ndërsa funksioni ri i ka sjellë atij përgjegjësi shtesë si punonjës në komunë. Ai konsideron se për dallim nga më parë, tani është shumë më lehtë që një i ri të vijë në komunë dhe t’i ofrohet ndihmë dhe të hasë në mirëkuptim.

    “Nëse më parë ka pasur mosbesim ndaj një institucioni, mungesë hapësire, komunikimi, person i caktuar (i emëruar), tani kjo të motivon.  Njerëzit ju shohin si njeri që mund të ndryshojë diçka për ta,” thotë Ristemi.

    Duke pasur parasysh numrin e vogël të të punësuarve në komuna të caktuara, funksioni zyrtar i të rinjve shtohet edhe krahas përgjegjësive tjera të personit të caktuar. Për shembull, në komunën e Gradskos ky funksion i është caktuar “Këshilltarit për arsim, kulturë, sport dhe mbrojtje nga zjarri”, ndërsa në Dellçevë personi i punësuar si “bashkëpunëtor i ri për veprimtari publike” është përgjegjës për çështjet e të rinjve. Nga ana tjetër, Qyteti i Shkupit, si komuna më e madhe, u përgjigj shkurtimisht se ata kanë punësuar dy persona në vend pune si “bashkëpunëtor i ri për të rinjtë”, të cilët kryejnë detyrat dhe përgjegjësitë e tyre në Seksionin e Sportit dhe të Rinjve.

    Në nivel kombëtar, situata është edhe më e keqe, ndërsa funksioni zyrtar i të rinjve nuk mund të gjendet në kërkimet në faqet e internetit të ministrive, ose në organet tjera të administratës shtetërore. Nuk ekziston as në sistematizimin e vendeve të punës në administratë.

    Këshilltari për çështjet e të rinjve në kabinetin qeveritar Gjorgji Tasev, i cili thotë se kjo temë është diskutuar me Ministrinë e Shoqërisë Informatike dhe Administratës për ndryshimet ligjore që do të lehtësojnë emërimin e zyrtari të të rinjve.

    “U binda se do t’i kushtohet vëmendje pozitës zyrtar i të rinjve që të ketë në çdo institucion kombëtar dhe lokal, siç është përcaktuar në ligj, dhe do të publikohet në faqen e internetit, gjë që është shumë e rëndësishme,” thekson ai.

    Radio MOF i dërgoi pyetje Ministrisë së Shoqërisë Informatike dhe Administratës në lidhje me pozicionin e zyrtarit të të rinjve në organet e administratës shtetërore, por deri në publikimin e tekstit nuk morëm përgjigje.

    Ligj ka, por nuk ka organe rinore

    Zbatimi i ligjit ngeci edhe gjatë formimit të organeve rinore në nivel kombëtar. Duhej të formohej një Organ Këshillues Kombëtar i Politikave Rinore që i mbledh në një vend institucionet dhe të rinjtë. Nuk është vendosur as organi që duhet të emërojë përfaqësuesit e të rinjve për këtë këshill – përkatësisht Kuvendin kombëtar të të rinjve. Agjencia e të Rinjve dhe Sportit vonesën e zbatimit të Ligjit për të rinjtë e justifikon me pandeminë.

    “Arsyeja e vonesës është pandemia globale që nuk e anashkaloi as shtetin tonë, si dhe shkurtimi i buxhetit të Agjencisë së të Rinjve dhe Sportit, me ç’rast jemi të pamundësuar për ta filluar plotësisht zbatimin e ligjit”, thonë nga Agjencia.

    foto: ARS – Takim online për formimin dhe ristrukturimin e KRL

    Ato theksojnë se momentalisht, është duke u punuar në përgatitjen e një manuali për këshillat rinore lokale në mënyrë që komunat dhe subjektet tjera t’u ofrojnë ndihmë dhe t’u ofrohet një udhërrëfyes si të krijohen dhe si të funksionojnë këshillat rinore lokale.

    “Rreth 50 komuna tashmë janë kontaktuar (u njoftuan të gjitha 81 dhe qyteti i Shkupit, ndërsa përgjigje morëm vetëm 50) të cilët janë duke e  filluar procesin e formimit të këshillave rinore, ndërsa ka dhënë edhe udhëzim për hapjen e zyrave të të rinjve në secilën komunë. “thonë nga ARS.

    Agjencia gjithashtu i tejkaloi edhe afatet ligjore për themelimin e një qendre hulumtuese për tema të ndryshme lidhur me të rinjtë.

    “Në mënyrë që të themelohet dhe vihet në funksionim qendra hulumtuese në kuadër të Agjencisë së të Rinjve dhe Sportit nevojitet që të parashihet njësi e re organizative në kuadër të Sektorit të të Rinjve, për të cilën procedura është në vijim dhe është duke u punuar  në ndryshimin e sistematizimit të vendeve të punës sepse në sistematizimin ekzistues nuk është paraparë. Për të përfunduar ndryshimin, është e nevojshme të merret pëlqim edhe nga institucione tjera kompetente. Procedura është në vijim dhe do të informoheni në kohë për të gjithë procedurën”, thuhet në përgjigjen e Agjencisë dërguar Radio MOF.

    Pandemia e harxhoi buxhetin e të rinjve

    Për Ligjin për të rinjtë, nga Buxheti i Republikës së Maqedonisë së Veriut çdo vit duhet të ndahen mjete në vlerë prej të paktën 0.3%. Nga buxhetet e komunave është e paraparë të ndahen të paktën 0,1% në vit. Në nivel komunal, nuk ka asnjë harmonizim për atë se nën cilat zëra buxhetore duhet të ndahen mjetet e nevojshme për këshillat rinore dhe për zbatimin e politikave rinore. Në përgjigjet që i ka marrë Radio MOF, 36 komuna janë përgjigjur se nuk kanë ndarë mjete sipas Ligjit për të rinjtë, 16 komuna nuk janë përgjigjur, ndërsa pjesa tjetër thonë se kanë ndarë mjete në zëra si “transferime të ndryshme”, “sport”, “administrata komunale” ose në më shumë zëra buxhetore, të destinuara për t’u shfrytëzuar për të rinjtë në komunën.

    Komuna e Karposhit në përgjigjen për Radio MOF thekson se buxhetimi paraqet problem për ta, ku e kanë shqyrtuar këtë çështje.

    “Komuna e Karposhit në Buxhetin e vitit 2021 nuk ka ndarë 0.1% në përputhje me Ligjin për pjesëmarrjen e të rinjve dhe politikat e të rinjve, sepse ende jemi duke pritur udhëzime nga Ministria e Financave e RMV-së në lidhje me atë se në cilin program dhe cilën zë duhet të parashikohet përqindja e përcaktuar me ligj”, thuhet në përgjigjen e kësaj komune.

    Nga Qyteti i Shkupit, nga ana tjetër, thonë se 3,100,000 denarë janë ndarë për “të rinjtë dhe veprimet rinore në Shkup”. Në përgjigjen e tyre për Radio MOF, theksojnë këto janë 20.6% të mjeteve buxhetore nga Programi për aktivitete në fushën e sportit dhe të rinjve në qytetin e Shkupit për vitin 2021. Sidoqoftë, përkundër kësaj përgjigjeje, nëse marrim parasysh buxhetin vjetor të Qytetit të Shkupit, ligji kërkon që vetëm për politikat e të rinjve të caktohen të paktën dy herë më shumë mjete sesa shuma e parashikuar.

    Foto: Radio MOF / Të rinjtë në kafene

    Ekziston problem edhe në buxhetin e shtetit, i cili këtë vit është projektuar 4 miliardë euro. Sipas ligjit, 0.3 përqind prej tyre, ose rreth 12 milion euro, duhet të ndahen për organizimin e të rinjve dhe politikat rinore.

    “Në buxhetin e shtetit për këtë vit janë projektuar mjete të dedikuara për të rinjtë në Republikën e Maqedonisë së Veriut që i plotësojnë kushtet ligjore prej 0.3%. “Por, politika e Qeverisë është që kjo përqindje të rritet”, thonë nga Qeveria.

    Megjithatë, në përllogaritjen dërguar Radio MOF-it, nga Qeveria i numërojnë të gjitha transferimet e dedikuara për të rinjtë, pa u ndarë mjete për organizimin dhe politikat e të rinjve. Së këndejmi, shuma është mbi 50 milion euro, por këtu përfshihen të gjitha mjetet e parashikuara për shtesë rinore, bursa, participime për konvikte studentore dhe të nxënësve, politikat e punësimit të të rinjve, subvencione, trajnime dhe praktika, para për fermerë të rinj, për njerëzit që përdorin mjete nga Fondi i Inovacioneve…

    Njëkohësisht, në buxhetin e Agjencisë së të Rinjve dhe Sportit, e cila është më e përgjegjshme për zbatimin e ligjit, rreth 320 mijë euro janë ndarë për të rinjtë. Kjo është shuma më e ulët në pesë vitet e fundit. Më së shumti para u siguruan vitin e kaluar, mbi gjysmë milionë euro, por pandemia harxhoi pjesën më të madhe të tyre.

     

    “Buxhetet janë shkurtuar në të gjitha institucionet shtetërore. Shteti duhet të menaxhojë mirë me mjetet financiare që i ka në dispozicion për të përballuar me sukses krizën që rezulton nga pandemia, e cila ka prekur vendin tonë, si dhe të gjitha vendet e tjera. Duhet patjetër të sigurohen mjete për masat e parashikuara për të ndihmuar kategoritë vulnerabile në vend. “Ne shpresojmë që buxheti për vitin e ardhshëm ose eventualisht nëse bëhet një rebalancë, do të jetë me shumë më të madhe, ndërsa vendi ynë do të dalë nga kjo rrjedhë e ngjarjeve dhe ne do të jemi në gjendje t’i përkushtohemi realizimit të prioriteteve nga Ligji për pjesëmarrjen e të rinjve dhe politikat e të rinjve”, thonë nga Agjencia e të Rinjve dhe Sportit, duke theksuar se këtë vit ata do t’i realizojnë detyrimet ligjore që dalin nga Ligji për të rinjtë.

    Ish-deputetja Tufegxhiq është e pakënaqur me shkurtimet e buxhetore.

    “Është i paqartë argumenti për të shkurtuar mjete financiare nga të rinjtë, ndërsa të lini reprezentacione, paga të larta për agjenci të ndryshme, drejtorë, këshilla drejtuese, këshilla mbikëqyrëse, e këshilla tjera… Kjo është thjesht paradoksale,” thekson ajo.

    Përkujton se edhe gjatë mandatit të saj, ka qenë i domosdoshëm lobimi i fortë për të siguruar një buxhet për politikat e të rinjve. Ajo thekson se këtë tani do të duhet të bëjnë deputetët e rinj, të cilët janë pjesë e përbërjes së re.

    Foto: Kuvendi i RMV-së / Konstituimi Klubit për çështje dhe politika të të rinjve të Kuvendit

    Njëri prej tyre është Jovan Jauleski, i cili kohët e fundit u emërua koordinator i Klubit për çështje dhe politika të të rinjve të Kuvendit. Ai thotë se angazhimi i tij, por edhe i deputetëve të rinj është në periudhën që vijon për të ndjekur zbatimin e pezulluar të Ligjit për të rinjtë.

    “Si deputet takoj vazhdimisht të rinj që e njohin mirë ligjin, por për shkak të joefikasitetit të institucioneve, efektet pozitive që duhet të sjellë ligji ende nuk janë të dukshme. Së bashku me kolegët nga klubi për politika dhe çështje të të rinjve në periudhën e ardhshme do të kemi takime të shumta me institucionet në mënyrë që ta nxisim përmbushjen e detyrimeve në përputhje me ligjin ”, njofton Jauleski.

    Ligji për të rinjtë, për të rinj më të organizuar

    Në vitin 2015, në komunën e Qendrës formohet këshill rinor lokal. Goran Tanevski u zgjodh kryetar i atij këshilli. Gjashtë vite më vonë, kur mendon për kohën që ka kaluar në këshillin rinor, ai thotë se ky është pikërisht vendi ku ai u rrit, e u bë më serioz dhe mësoi gjëra që nuk kishte ku t’i mësonte gjëkundi tjetër.

    Këshilli Rinor Lokal në Komunën e Qendrës
    р

    Sidoqoftë, bile edhe në komunë ku gravitojnë shumë të rinj, organizatat më të mëdha rinore, brezat e rinj partiakë, nismat e të rinjve, Tanevski shpjegon se nuk ishte aspak e lehtë për të tërhequr të rinj.

    “Ne kemi punuar shumë. Përveç se u përzgjodhëm nga organizatat rinore, ne gjithashtu jemi përpjekur edhe të na njoftojnë të rinj nga Komuna e Qendrës. E tani nuk jam bash i sigurt, nëse e kemi qëlluar atë. Për shembull, ne mbanim ditë të hapur të të rinjve në Komunën e Qendrës dhe thjesht kemi qëndruar pezull disa herë, dhe askush nuk erdhi në zyrën e të rinjve për të pyetur, edhe pse u publikua gjithandej ku patëm mundësi. “Nuk ishte aspak e njëjtë për ne, por ne ishim të parët dhe e dinim se çdo gjë që do të bënim do të ishte më shumë se më parë”, përkujton ai.

    Sidoqoftë, në asnjë moment nuk u pendua që ishte pjesë e një procesi të tillë. Dhe konsideron se të gjithë ata që duan, duhet të përfshihen. Mirë është për rinjtë, është gjithashtu mirë edhe për shoqërinë. Por sugjeron se të gjithë duhet të kenë parasysh se anëtarësimi në këshillin rinor është një punë vullnetare dhe kërkon një entuziazëm të madh. Zgjidhja ligjore është një gjë, thotë ai, por vullneti për të bërë diçka është krejtësisht tjetër.

    “Unë mendoj se klima po ndryshon ngadalë dhe gjërat po shkojnë në drejtim të mirë në lidhje me këshillat rinore lokale. Tani, procesi nuk është i njëanshëm. Bile edhe kur ekziston një zgjidhje ligjore, ai gjithsesi që duhet të ekzistojë.

    Ivana Lazeska

    Ivana Lazeska, kryetarja e këshillit në Kërçovë, thotë se ajo nuk dëshiron të largohet nga vendi. Por, vëren se ka gjithnjë e më pak të rinj në Kërçovë. Ajo gjithashtu thekson se edhe në këshillin rinor lokal punojnë kryesisht me nxënës të shkollave të mesme, sepse ata që janë larguar për të studiuar jashtë Kërçovës, kthehen rrallë.

    Ajo në këshillat rinore sheh një grimcë shprese për të rinjtë në qytetin e saj.

    “Të rinjtë duhet patjetër t’i kërkojnë të drejtat e tyre, të mos heqin dorë. “Shpresoj se kjo nuk do të has në vesh të shurdhër, se vetë shteti do t’i shtyjë ato këshilla rinore dhe do t’i njohë ata si promotorë të të rinjve ku duhet të dëgjohen,” tha 26-vjeçarja nga Kërçova.

     

     

     

    Jasmina Jakimova dhe Martin Koloski

    *Përgatitja e këtij hulumtimi mbështetet nga Iniciativa për Demokraci e Ballkanit Perëndimor, program i Fondacionit Vestminster për Demokraci. Përmbajtja e këtij hulumtimi nuk i pasqyron qëndrimet ose mendimet e Fondacionit Westminster për Demokraci ose Qeverisë Britanike.