Средношколката Сара Андоновска победи на натпреварот „Смени ги климатските промени“

Средношколката Сара Андоновска од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ победи со својот цртеж на натпреварот „Смени ги климатските промени“, кој е дел од проектот поддржан од Британската Амбасада во Скопје.

„Гласовите на младите мораат да бидат слушнати“, порача британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј, честитајќи ја победата.

Цртежот на Андоновска ќе биде поставен на билборд во Град Скопје. На натпреварот, второто место го освои Сара Цветановска, а третото Нејла Аџија.