Согласно со протоколите за работа на театрите, започнуваат и изведбите на „Академска сцена“ – сцената каде што студентите од Факултетот за драмски уметности ги полагаат испитите. Утре, на 12 февруари со почеток во 19 часот ќе биде одиграна претставата „Госпоѓица Јулија“ од авторот Аугуст Стриндберг.
Претставата е испит по предметот Актерска игра 3 на студентите со познавање на турски јазик во класата на проф. м-р Елјеса Касо дем. Јеткин Сезаир.
Улогата на госпоѓица Јулија ќе ја игра Стефанија Начевска, додека ликот на Жан ќе биде одигран од Синан Ракиповски.
Бројот на посетители е строго ограничен, а заинтересираните ќе треба да го најават своето присуство овде.