Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од 15 до 19 февруари 2021 ќе ја оддржи третата Меѓународна недела. Годинава, настанот ќе се одржува онлајн, на тема „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“.
На него, ќе учествуваат професори од универзитети од Канада, Израел, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Холандија, Полска и од Словачка, кои ќе одржат свои предавања.
Тие ќе зборуваат за теми поврзани со пандемиите, но со фокус на ретко коментирани аспекти или перспективи во јавниот дискурс.
Целосната агенда за настанот е достапна на следниот ЛИНК.
Настанот е наменет за сите студенти на Филозофскиот факултет, иако поради тоа што годинава се организира преку онлајн-платформа, поканети се сите заинтересирани што сакаат да слушнат предавања на овие теми. Предавањата се секој ден (понеделник до петок) со почеток во 13 и 15 часот на следниот ЛИНК.