18 наслови ја продолжуваат трката за престижната награда „Роман на годината“ за 2020 година соопштија од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Од пристигнатите 41 роман, жири комисијата составена од Оливера Николова, Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко
Гроздановски и Катерина Богоева избраа 18 дела кои влегоа во потесниот избор за главната награда. Меѓу нив се најдоја:
- „Лето во кое те нема“ – Петар Андоновски, „Или – Или“
- „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
- „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
- „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
- „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
- „Витезот и византијката“, Кица Колбе, „Или-Или“
- „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
- „Приказна за трите града“, Митко Маџунков, „Три“
- „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Највисокото дно“, Марија Митева, „Полица“
- „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
- „Лазарка“, Љупчо Петрески, „Арс Либрис“
- „Боксерот од Ново маало“, Владимир Плавевски, „Арс Либрис“
- „Курвински хроники“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
- „Тито, мојот претпоследен херој“, Зоран Спасов – Ѕоф, „Попули“
- „Генералот и пеперугата“, Луан Старова, „МАНУ“
- „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“
- „Случајот Чернобог“, Катерина Шошко, „Антолог“
Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22 пат. Победникот, покрај плакета, ќе добие и парична награда од 150 илјади денари.