По повод Светскиот ден на водата, во склоп на проектот „Water4Changes“ (Вода за промени) е објавен фото-конкурс за учество на изложба на тема: „Водата. Човекот. Државата.”
Целта на оваа изложба е подигање на свесноста за значајноста на водата и потребата од воведување на правото на чиста вода и санитација како основно човеково право во Уставот на Република Северна Македонија.
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите фотографии на мејлот water4changes@gmail.com не подоцна од 17.03.2021 година. Фотографиите може да бидат едитирани. Може да бидат сликани со телефон или фотоапарат. Аматерски фотографии се исто така добредојдени. Форматот на фотографијата треба да биде А4.
Фотографиите ќе бидат оценувани од четиричлено жири. Најкреативните 3 фотографии ќе бидат наградени со симболични награди.
Најдобрите 15 фотографии од конкурсот ќе бидат изложени во просториите на Културниот центар „Јадро” на 22-ри март во периодот од 10 до 16 часот.