Предавање – Како да се спречи загадувањето од рудниците?

Mладински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, организира отворено онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“, кое ќе се одржи во четврток (18.03) во 18:00 часот на Зум: https://us02web.zoom.us/j/83223165709

„Придружете ни се во четврток и слушнете што имаат да кажат Јаков Тушевски, студент по биологија и Дарио Стојановски, студент по географија за распространетоста на минералните суровини во Македонија, нивното искористување и последиците од рудниците врз почвата, водата, биодиверзитетот и населението“, стои во најавата на предавањето.

Предавачите исто така ќе ги претстават придобивките од рудниците наспроти краткотрајните и долгорочните последици. Исто така, ќе зборуваат за можните решенија за спречување и намалување на загадувањето предизвикано од рудниците.