Американските власти размислуваат за намалување на претходно препорачаната социјална дистанца воведена за да се спречи ширењето на Ковид-19, од два на еден метар, што би го олеснило повторното отворање на училиштата, изјави водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
„Здравствените власти имаат се повеќе податоци на дневна основа и се чини дека во одредени околности, растојанието од еден метар би била доволна“, рече Фаучи.
„Овие податоци се анализираат и ве уверувам дека во разумен рок, здравствените власти ќе дадат препораки во согласност со информациите со кои располагаат“, изјави Фаучи за „Си-Ен-Ен“.
Медицинскиот центар „Бет Израел Диконес“ при Универзитетот Харвард во четвртокот објави резултати од истражување спроведено во 251 училиште во Масачусетс. Во некои од нив, учениците го почитувало минималното меѓусебно растојание од еден метар, а во други се применувало правилото за растојание од два метри.