Продолжува полицискиот час, а забраната за движење трае од 22:00 часот до 05:00 часот наутро, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
„Комисијата за заразни болести во текот на следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни и дополнителни рестрикции. Апелирам на почитување на здравствените мерки и протоколите“, додаде тој.
Вкупната бројка на пациенти суспектни и позитивни на коронавирусот кои се лекуваат во болниците низ земјава е 1329, а има околу 300 празни болнички кревети, известија утрово од МЗ.
Полицискиот час првично беше воведен на 10 март и во траење од две недели, до 22 март. Моменталниот број на активни случаи од КОВИД-19 во земјава е 15.131.