Полски автор осуден бидејќи го нарекол претседателот Дуда „морон“

Јакуб Жулчик можеби ќе треба да отслужи затворска казна бидејќи го навредил полскиот претседател Анджеј Дуда поради коментарите за победата на Бајден, пренесува „Гардијан“.

Познатиот сценарист на тв сериите „Blinded by the Lights“ и „Belfer“, изјавил дека обвинителите го осудиле поради статија и објава на Фејсбук во која е навреден претседателот на државата.

„Мислам дека сум првиот писател во оваа држава кој е осуден поради нешто што го напишал“, дополнително се обратил Жулчик на „Фејсбук“
.
Минатата година во ноември, Жулчик коментирал на двосмислен твит на претседателот Дуда, во кој тој му честита на Бајден за успешната претседателска кампања, но додава дека тој сепак ќе ја почека номинацијата на изборниот колегиум.

Дуда, кој е поддржан од популистичката десничарска партија „Закон и правда“, бил близок со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Александра Скжниаж, портпаролка за обвинителството во Варшава, за полските медиуми изјавила дека против лицето Јакуб Ж. поднесени се две обвиненија.

„Тој е обвинет за јавна навреда преку социјални мрежи против претседателот на Полска, со користење на термин кој се смета за навредлив“.

Таа додала дека обвинението било поднесено на почетокот на месецов и дека осомничениот бил на испрашување, на кое не признал дека сторил некое од обвиненијата и поднел објаснувања.

„Тој индицираше дека навредата содржела и критика кон одлуките на претседателот“, изјавила Скжниаж.

Во „проблематичната“ објава, која била објавена веднаш по американските избори на 03 ноември, Жулчик истакнал дека не постои нешто како „номинација од изборниот колегиум“, додавајќи дека потврдата за претседателската функција на Бајден е само формалност.

„Анджеј Дуда е морон“, било напишано во објавата.