Пандемијата, климатската криза и конфликтите допринесуваат кон ризикот од глобален глад, пренесува „Гардијан“.
Акутниот глад може да се појави во над 20 држави во наредните неколку месеци, предупредуваат од Обединетите нации.
Фамилии во Јемен и Јужен Судан веќе се фатени од стегата на гладот, покажува истражување кое ги лоцира најзагрозените региони. Скоро 34 милиони луѓе се борат со високиот раст на акутен глад познат и како „ИПЦ“, односно се наоѓаат на чекор од изгладнување.
Акутниот глад е резултат на конфликтите, климатската криза и пандемијата од КОВИД-19, а во некои одредени места и поради бури и наезда на скакулци.
„Страдањето за храна е алармантно. Неизбежно треба да почнеме да делуваме сега за да спасиме животи и да го избегнеме најлошото можно сценарио“, изјавил генералниот директор на „Фао“, Ку Донгу.
Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се држави кои се соочуват со катастрофален акутен глад, истакнале агенциите.
Повеќето од местата кои што се соочуваат со глад се во Африка, но има држави и на други континенти како Афганистан во Азија, Сирија и Либан на Средниот исток и Хаити во Јужна Америка и Карибите.
„Во многу региони, започната е сезоната за засадување. Мораме да работиме во костец со времето и да не ја пропуштиме оваа прилика за заштита, стабилизација и можен раст на локалната продукција на храна“, изјавил Ку.
„Гледаме како катастрофата ни се случува пред очи. Гладот кој е резултат на конфликт и е подгреан од климатските промени и пандемијата од КОВИД-19, чука на вратите на милиони семејства“, изјавил директорот на „ВФП“, Дејвид Бизли.