Во периодот од 23 март, па се до 9 април ќе има прекини во работата на дел од станиците или на дел од инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот. Ова ќе се случи поради замена на дел од постоечките инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри микрометри (РМ10), озон, азотни оксиди и уреди за меморирање на податоци и управување со инструменти, соопштија од Министерството за живтна средина.
Дополнително, најавуваат оттаму, ќе се инсталираат и нови инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 2,5 микрометри (РМ2,5).
Оваа активност е дел од проектот „Подршка на Северна Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа на животна средина” со Шведската агенција за заштита на животната средина и Амбасадата на Кралството Шведска.