Отворено е пријавувањето за тридневна бесплатна работилница за самоодбрана која ќе се одржува во спортската сала во ООУ Вера Јоциќ, Хиподром, почнувајќи од 29 март.
На неа може да се пријави секој, без разлика на пол, возраст или претходно спортско искуство.
Учесниците ќе имаат можност да научат техники на самоодбрана при семејно насилство, улични напади и обид за силување.
Инструктори на работилниците ќе бидат Антоан Диневски, Бојана Диневска и Андреа Диневска.
Бројот на пријавени е ограничен со цел да се запазат мерките за Ковид-19. Пријавувањето е со испраќање име, презиме и број на mail: izabela_beka@hotmail.com
Работилнците се дел од проектот „Гази Баба спортува“ кој го иницираше Општината со цел да ја мотивира младата популација да спортува, но и да поттикнат еднаквост во спортот.