Младите активисти од Струга собраа 721 потпис на петицијата со која бараат изградба на скејт парк во градот на поезијата. Со оваа иницијатива наречена „Струга сака скејт парк“, младите го повикаа градоначалникот на Струга да ја претстави својата младинска политика, а воедно и да им даде можност на младите од градот да кажат што им недостасува за да се чувствуваат како дел од општеството. Во продолжение погледнете ги фотографиите од настанот.
Иницијативата „Струга сака скејт парк“ беше организирана во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Настанот беше организиран од страна на група млади активисти, кои учествуваа на Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младинскиот образовен форум.