Што е нула отпад? Дали нула отпад значи буквално нула? Што значи нула отпад во пракса? Ако засукаме ракави, ќе „стигнеме“ ли до една тегла ѓубре годишно? Од каде да се почне? Зарем не е доволно што рециклираме?
На овие прашања ќе одговори Андријана Папиќ Манчева, која ќе одржи онлајн предавање на 8 април, со почеток во 18 часот преку платформата Зум.
Таа во 2018 година го преведува бестселерот „Дом со нула отпад“ на Беа Џонсон на македонски јазик. Оттогаш постојано ги преиспитува и менува домашните потрошувачки навики за да фрла што е можно помалку ѓубре, а наученото го споделува преку „Од нула до нула“.
За да присуствувате на предавањето потребно е да се приклучите на следниот ЛИНК.