Стотина полицајци и специјалци рано утринава, околу 3.30 насилно ги отстраниле граѓаните кои кампуваа во паркчето пред хотелот „Бристол“, за да обезбедат непречено сечење на неколкуте стари стебла и чистење на местото на кое се планира изградба на административна зграда.
Луѓето, меѓу кои и жени, биле влечени и туркани, а според сведочењата на присутните, полицијата им ги одземала телефоните и фотоапаратите за да не го снимаат настанот. На местото, која со иницијатива беше преименувана во „Паркот на Груевски“ пред еден и пол месец се одржа и протест, а активисти на неколку граѓански здруженија се обидоа да го заштитат паркот од сечењето. На малиот сквер, којшто беше едно од последните места со зеленило во овој дел од градот, ќе се гради новата зграда на Советот за радиодифузија, во барокен стил.
Видео: А1ОН