Физичарите сметаат дека пронашле знаци од петта природна сила, во рамки на истражување кое се одвива во близина на Чикаго, пренесува „БиБиСи“.
Досегашните четири природни сили управуваат со објектите и честичките во универзумот, преку нивните движења.
На пример, гравитацијата прави предметите да паднат на земјата, а тешките објекти изгледаат како да се прилепени на подот.
Од британскиот Совет за наука и технологија, велат дека новото откритие може да донесе резултат кој цврсто го докажува постоењето на досега неоткриена честичка или нова природна сила.
Но, новото откритие за движењето на мионите, честички поситни од атомот, изведено преку експериментот „Мион г-2“ не носи никаков конкретен заклучок.
„Откривме дека движењето на мионите не е во согласност на досегашиот стандарден модел на теоријата која објаснува како се однесуваат честичките кои го градат унивезумот“, изјавил професорот Марк Ланчестер кој е водечкиот истражувач од Велика Британија кој работи на експериментот.
„Ова е многу возбудливо бидејќи отвора пат за нови закони на физиката, нови честички и нови природни сили кои досега не се забележани“, истакнале од Униврзитетот во Манчестер.
Откритието е последно во серијата на нови резултати постигнати во полето на физички експерименти со честички во САД, Јапонија и „Хадрон Колајдерот“ кој се наоѓа на швајцарско-француската граница.
Експериментот кој се одвива во „Фермилаб“ во Илиноис, бара знаци на нови феномени во физиката преку изучување на движењата и карактеристиките на честичките наречени миони.
Постојат честички кои се помали од атомите. Дел од тие честички може да се раситнат на многу помали единици, а преостанатите, односно фундаменталните честички, не можат да се разделат на поситни единици.
Мионот е фундаментална честичка која е слична на електронот. Сепак мионот е 200 пати потежок од електронот.
Преку експериментот „Мион г-2“, мионите се складираат во кружна машина долга 14 метри, при што тие се изложени на магнетско поле. Според досегашните закони на физиката во рамки на стандарниот теориски модел, мионите треба да се движат во строго определена брзина.
Но, научниците откриле дека мионите се движат многу побрзо, што можно да е резултат на природна сила која што досега не и е позната на науката.
Никој не знае што прави оваа потенцијална природна сила, освен што влијае на движењето на мионите.
Теориските физичари веруваат дека ваквата аномалија може да биде поврзана и со сè уште неоткриени честички. Има повеќе концепти за тоа кои честички се одговорни за аномалијата.