МЗ: 35 починати и 1.163 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 35 лица, односно, 7 од Скопје (39г, 63г, 65г, 75г, 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г).

Од Ковид-19 починало и по едно лице од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г).

Потврдени се 1.163 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 473 случаи во Скопје, 100 во Битола, 90 во Куманово, 62 во Прилеп, 50 во Охрид, 45 во Струмица, 36 во Тетово, по 32 во Штип и Кичево, 29 во Велес, 28 во Кавадарци, по 27 во Гостивар и Кочани, 22 во Гевгелија, по 14 во Струга и Свети Николе, по 12 во Неготино и Радовиш, по 11 во Ресен и Валандово, 10 во Виница, по 7 во Крива Паланка и Берово, по 3 во Демир Капија и Демир Хисар, 2 во Делчево и по 1 во Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 475, Прилеп – 52, Велес – 40, Куманово – 37, Кавадарци – 36, Тетово – 27, Кочани – 25, Гостивар – 23, Неготино- 22,Берово – 18, Штип – 16, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 12, Струмица и Свети Николе – по 9, Радовиш и Валандово – по 8, Виница – 7, Пробиштип – 3, Делчево, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Битола, Демир Капија, Крушево, Богданци, Кратово и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 655.924 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.927 тестови.