Асоцијацијата на македонските студенти по медицина (MMSA), утре, на 10 април организира онлајн настан на тема „Родова еднаквост – човечка, а не женска борба“, во чии рамки ќе гостува професорката Славица Арсова од Универзитетската клиника за Психијатрија.
Освен професорката Арсова, на настанот ќе се обратат и Теодора Милеска, активистката за родова еднаквност, но и претставничка од Здружението за родова еднаквост „Една може”.
Онлајн настанот ќе започне во 17 часот, а ќе се потенцираат за предизвиците на родовата еднаквост во сите сфери на животот – од домаќинството, културата, образованието до науката и медицината. Настанот ќе се одржи на дигиталната платформа „Зум“, а ќе се стрима и на Фејсбук.
„Дали знаевте дека жените заработуваат само 82 центи за секој долар кој го заработуваат мажите работејќи ја истата работа? Дека само 2/3 од земјите во развој еднакво ги вклучуваат женските и машките деца во основно образование?Дури 750 милиони жени кои живеат денес се омажени пред да наполнат 18 години. Тоа се жени кои ги гледаш секој ден кога одиш во парк, кога одиш на работа или во библиотека“, се вели во соопштението за настанот.
За сите оние кои ќе го проследат настанот, следува сертификат.