Од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на КОВИД-19.
Истовремено, регистрирани се 2.003 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 32 починати лица.
Направени се 5.569 тестови, додека во земјата вкупно досега има 666.091 тестирања на КОВИД-19.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433, на починати е 4.182, а бројот на активни случаи изнесува 21.542“, велат од министерството.
Од МЗ претходно информираа дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите“, информираа од МЗ.
Во тек на денот, велат тие, се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
„Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се вели во соопштението на МЗ.