Со почеток од 8 часот на паркингот во градскиот парк во Делчево, активисти на Младински совет и нивни приврзаници утрово ја започнаа еко-акцијата „Со срце за Голак“.
Еко-акцијата беше првично закажана пред неколку викенди, но досега презакажана поради врнежливите периоди.
Според локалните активисти, целта е да видат со какви проблеми се соочува природата на Голак и да ги мапираат т.н. диви депонии, па за да изнајдат начин како понатаму да ги чистат и целиот отпад да го однесат на соодветно место. Исто така, да остават порака дека расфрланото ѓубре никому не му оди во прилог.
Активистите веќе најавија дека ќе ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.
Претходно слични акции еко-активистите реализираа на потекот покрај кејот на реката Брегалница во Делчево и кај манастирскиот комплекс „Балаклија“.
Фото: Борче Димитровски / Фејсбук