Рускиот Суд отвори случај против феминистичка активистка и уметница поради прикажување на онлајн „порнографија„, откако таа споделила цртежи од женски тела, пренесува „Еuronews“.
Случајот привлекол домашна и интернационална критика, само осум месеци откако претседателот Путин потпишал амандмани со кои се забрануваат истополови бракови. Путин тогаш го задолжил парламентот за „зачувување на традиционалните семејни вредности“.
На дваесетиседумгодишната Јулија Цветкова ѝ се заканува шестгодишна затворска казна откако објавила стилизирани цртежи од вагини на локалната, но популарна социјална мрежа „Вконтакте“.
По една и пол година, ова е првото судење на Цветкова откако таа беше уапсена.
Нејзината адвокатка, Ирина Ручко за медиумите изјавила дека п судењето, Цветкова и понатаму се брани со невиност , како и дека нејзиниот адвокатски тим ќе го докаже тоа во судницата.
Цветкова водела театар за деца и била гласен адвокат за феминизмот и ЛГБТИ правата.
Таа основала и онлајн група наречена „Вагинални монолози“, охрабрувајќи ги членовите да се спротистават на стигмата и табуата околу женското тело.
Кафкијански апсурд
„Кафкијански апсурд“ – вака „Амнести интернешнл“ го нарече судењето кое се одвива зад затворени врати.
Групата за човекови права повика руските власти да ги отфрлат обвиненијата против активистката која слободно ги искажала своите размислувања преку уметност.
Цветкова беше притворена во ноември 2019 година и помина четири месеци во куќен притвор. Освен нејзиниот дом, претресено беше и студиото за детска едукација во сопственост на нејзината мајка.
Цветкова два пати плати казни поради ширење на геј пропаганда кај малолетници.
Судот нареди Цветкова да плати казна од 655 евра во 2019, поради водење онлајн група со ЛГБТИ содржина, но и 890 евра поради учествување во хуманитарна акција од помош на ЛГБТ семејства.
Активистите ширум Русија протестираа против затворањето на Цветкова, додека уметниците ѝ ги посветуваа своите настапи. Онлајн петиција со барање за ослободување на Цветкова собрала над 250.000 потписи.
Делегатите на Европската Унија во Русија преку твит истакнаа дека блокот внимателно го следи случајот на Цветкова, но и дека нејзиното обвинение е поврзано со нејзината јавна личност како ЛГБТИ активист.