Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Зелени кровови, вертикални градини, многу зеленило – се ветувањата на инвеститорите кога се градат нови згради во Скопје, една од најзагадените метрополи во светот. Темата повторно стана актуелна по најавите за вертикалните градини на новите згради што се најавуваат во строгиот центар на Скопје, на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Според синоќешните изјави на архитектот Мартин Пановски во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, кога за прв пат презентираше фотографија од реалниот проект, на парцелата од 12.000 квадрати дури 6.520 ќе бидат зеленило.
Меѓутоа, иако зеленилото никнува на сите страни во идејните проекти за зградите, реалноста во Скопје знае да биде малку поинаква. Така на пример, проектот кој беше најавен како урбана градина во Карпош, различно изгледа во реалност. Доволно е само да се споредат сликите со кои тој се најавуваше пред неколку години, а кои сѐ уште стојат на Фејсбук страницата на инвеститорот.
Сличен е примерот и со зградата која никна во Аеродром, на зеленилото кај Мајчин дом, а на чија изградба претходеа повеќе протести. Инвеститорот најави зеленило на терасите во рекламите за зградата, но пред граѓаните вети и дека дополнително ќе засади 150 високоизраснати дрва. Засега од најавите видливи се саксиите со подзасушено цвеќе на терасите на неодамна вселените станари.
Зградите и во двата примери се од ист инвеститор, компанијата „ЗСФ КОМ“. За тоа што се случи со најавеното зеленило, Радио МОФ упати и прашања до инвеститорот, но до објавувањето на текстот не добивме одговор.
Најмалку 20 % зеленило на секоја градежна парцела
Според Законот за урбано зеленило, во процесот на урбанистичко планирање, при изработка на Генералниот урбанистички план, потребно е да се обезбеди 25 м2 зеленило по жител во рамките на планскиот опфат на град. Исто така постои и обврската при изработка на деталните урбанистички планови и архитектонско-урбанистичките проекти, да се обезбеди најмалку 20 % зеленило на секоја градежна парцела. За градежните парцели пак кои се наоѓаат во градски подрачја каде што не постојат просторни можности за обезбедување на процентот за зелена површина или на локации со веќе изградени објекти може да се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на кровни тераси и фасади.
Архитектката Невена Георгиевска укажува дека идејата на Законот на зеленило и бараните 20 отсто на градежна парцела беше да се озелени градот, да му донесе чист воздух, кој, вели таа, го немаме, и поздрав живот на граѓаните, кој го немаме.
„Наместо тоа, предвиденото зеленило скоро и да го нема и на негово место се поставени жардињери во партерот, кои на станарите им ‘личат убаво’. Јасно е дека инвеститорот за да го реши паркирањето морал да го изгради комплетно во граница на парцелата подземниот простор, па на партер не останува ни грам земја за пристојно садење на дрвја. За трева и цвеќенца не ни размислувам“, потенцира Георгиевска.
Според неа, гледаме проекти, рендери, каде од секој кат извира зеленило.
„Сакаш да направиш допадлив објект? Стави дрво – не едно, повеќе. А во суштина, сè уште не сум видела ниту една од овие ‘зелени’ згради во Скопје. Има таква, ама во Милано. Се прашувам дали ние станарите треба да си засадиме цвеќиња и борчиња на балконите или инвеститорот сепак треба да постапи по условите за градба и добиената дозвола и статички да предвиди извеба на балконски жардињери, добро изолирани за да не им тече на комшиите и во кои навистина ќе биде засадено зеленило со крошни како на рендерите. Да не се лажеме!“, потенцира таа.
Прашува дали ревидентите гледаат дали во техничката документација се приложени основи, пресеци и детали на балконски жардињери? Односно, го гледаат ли истото службите во општините кои ги потпишуваат дозволите за градба, или само обоената зелена површина на цртеж е доказ за 20 отсто зеленило.
„Дали надзорот пред да ја потпише градежната книга потврдил дека се засадени предвидените 20 отсто зеленило? И без да се изземаме ние професионалците, ги предизвикувам оние колеги кои учествувале и дале свои забелешки при предлог закони за градба, зеленило и планирање? Законите, сами по себе не значат ништо. Добар закон е добро спроведен закон. Несфатливо е што сепак се работи за здравјето на секој еден од нас“, потенцира Георгиевска.
И активистката Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ укажува на проблем со задолжителниот процент на зеленило во парцелата. Тоа го компензираат со зеленило на покриви, балкони, вертикални зелени ѕидови, односно, вели таа, сето тоа е на првичните слики пред да се добие градежната дозвола.
Меѓутоа, таа прашува како ќе се запази тоа зеленило и кој ќе проверува дали тоа зеленило на парцелата сѐ уште е 20%, конкретно за балконите на зградите?
„Градежната парцела има инвеститор и тој гради. Понатаму таа зграда е во сопственост на повеќе жители. Кој е одговорен да го запази тоа 20% зеленило откако ќе се добие градежната дозвола и ќе се продадат становите? Некој од надлежните ќе оди таму и проверува дали тоа зеленило е сѐ уште таму, сѐ уште се одржува? Прашањето останува отворено. Законот за зеленило има некои пропусти кои треба да се надминат, со Правилници и др, но, мора да се најде начин да се контролира, за да не прави замајување на јавноста дека процентот е запазен. А, прашање е и дали е доволно 20% зеленило“, вели Георгиевска.
Архитектот Мишко Ралев, инаку претседател на Асоцијацијацијата на архитекти на Македонија, вели дека кога се работи за урбано зеленило во вид на кровни тераси со високостеблести садници пак е потребна додатна инвестиција. Затоа додава дека засега малкумина се заинтересирани за него. Според него пак, зелените кровови не влегуваат во задолжителните 20% урбано зеленило, туку тоа се однесува за партерно зеленило, во кое на пример влегува и просторот над подземните гаражи.
„Што значи, ако направиме увид, тоа е занемарливо колку малку има кровни тераси. Така да, заинтересираноста е едно, но спремноста да се направи е сосема друго. И во проекции гледаме изобилство, значи во проекти, но во реализирани проекти, многу малку. Од тоа заклучокот е дека на крај математиката ги тера инвеститорите да НЕ, затоа што тоа има додатни изолации, хумус, големо оптеретување додатно на конструкцијата, тие конструкции се појаки за да има големо зеленило“, вели тој.
Појаснува и дека има неколку типа на зеленило, од такви кои бараат дваесетина сантиметри хумус, сè до високостеблести растенија кои што бараат до метар го поскапува изведувањето.
„Секое зеленило помага и може да помогне, ама, не смееме да се ослонуваме на тоа, а да занемариме да ги прекинеме изворите на загадување“, вели архитектот.
Не е џабе бунтот и самоорганизираноста за одбрана на простори
Последниот пример со просторот спроти „Холидеј Ин“ повторно ги отвори старите рани за тоа колку е можно притисокот на граѓаните да резултира со откажување на проектот. Или да се направи парк наместо згради. Далеку побројни се примерите кога и покрај протестите на граѓаните, во паркот сепак никнала зграда. Сепак, иако ретки, постојат примерите во Скопје кога под притисок на граѓаните останал паркот кој требало да биде зграда.
Прво на ум паѓа зелениот простор на улица „Бојмија“, на почетокот на Аеродром кај Железничка станица. Пред повеќе од две децении, зградата на „Неоком“ беше одредена меѓу четирите кули, насред паркот, а не како што е сега крај булеварот „К.Ј. Питу“. Локалните граѓани се самоорганизираа и успееја да го одбранат паркот, иако инвеститорот заедно со изведувачот веќе имаше ископано огромна дупка за темелите за објектот, тврдејќи дека се’ е по закон, со комплетна документација. Локалната заедница се бунтуваше, рушеше тараби, дење и ноќе дежураше пред зградите, застанувајќи на патот на најмените багери и работници.
Дупката наскоро беше закопана, машинеријата си замина, а зградата подигната на новата локација. Последно, општината меѓу кулите на „Бојмија“ постави фонтана, партерно уредување, детски лулашки и зелен фудбалски терен.
Друг пример е паркот во Карпош во Тафталиџе 1, на улица „Букурешка“. Во 2016-та пристигна најмена машинерија од АДСДП, работници почнаа да прават терен за зграда, поставија и тараби. Општина Карпош тврдеше дека е легитимна станбена зграда. Одобрението за градење за објектот беше „правосилно“ со „позитивни мислења од сите надлежни институции“. Односно, маркица за градба утврдена со ДУП во 2003 година, потврдена потоа со ДУП-ови во 2012 и 2016 година.
Сепак и тука граѓаните се бунтуваа, уриваа тараби и дежураа во паркот. Организираа и заеднички настани, сите генерации на купче, комшија за комшија, човек за човек. Сега на локацијата повторно има парк со реквизити за деца.
————————————
Покрај просторот кај „Холидеј ин“ каде според последните информации ќе се градат дваесеткатници со зеленило по терасите , на мета на инвесторите се најмалку уште две важни локации од кои во иднина ќе зависи животот околу центаралното градско подрачје. Граѓаните бараат парк на местото на старата фабрика „Треска“ во Општина Центар, а силни критики има и за плановите за градба во празниот простор во „Расадник“ , во Кисела Вода. Последниот збор сепак ќе го имаат институциите за тоа дали на овие простори ќе никнат згради, колку ќе се број, но и дали ќе има нормални услови за живот и неопходното урбано зеленило.
* На мобилен телефон галеријата пооптимално може да се гледа и со ставање на телефонот во хоризонтална положба и освежување (refresh) на страницата
Јасмина Јакимова
Бојан Шашевски
Мартин Колоски -
[Galeri] Për gjelbërimin urban në ndërtesat e Shkupit
Kulmet e gjelbra, kopshtet vertikale, shumë gjelbërim – janë premtimet e investitorëve kur ndërtojnë ndërtesa të reja në Shkup, një nga metropolet më të ndotura në botë. Tema u bë e rëndësishme përsëri pas njoftimeve për kopshtet vertikale të ndërtesave të reja që paralajmërohen në qendër të Shkupit, në parkingun përballë Hotelit “Holiday Inn”. Sipas deklaratave të mbrëmshme nga arkitekti Martin Panovski në emisionin “Top Tema” në TV Telma, kur për herë të parë prezantoi fotografi nga projekti real, në parcelën prej 12.000 metra katrorë, deri në 6.520 do të jenë të gjelbra.
Mirëpo, megjithëse gjelbërimi mbin nga të gjitha anët në projektet ideore për ndërtesat, realiteti në Shkup mund të jetë pak më ndryshe. Për shembull, projekti që u shpall si një kopsht urban në Karposh, duket ndryshe në realitet. Mjafton të krahasojmë fotografitë me të cilat ai u paralajmërua disa vjet më parë, dhe të cilat janë ende në faqen e investitorit në Facebook.
Shembulli është i ngjashëm me ndërtesat që mbinë në Aerodrom, në gjelbërimin pranë Majçin Dom, ndërsa ndërtimi i së cilës u parapri nga disa protesta. Investitori njoftoi gjelbërim në tarracat në reklamat për ndërtesën, por u premtoi qytetarëve se ai gjithashtu do të mbillte 150 pemë të larta. Tani për tani, nga paralajmërimet të dukshme janë vetëm saksitë me lule të thata në tarracat e banorëve që janë vendosur aty para disa kohe.
Ndërtesat në të dy shembujt janë nga i njëjti investitor, kompania “ZSF KOM”. Lidhur me atë që ndodhi me gjelbërimin e paralajmëruar, Radio MOF gjithashtu i shtroi pyetje investitorit, por ne nuk morëm përgjigje deri në publikimin e tekstit.
Të paktën 20% gjelbërim në secilën parcelë ndërtimore
Sipas Ligjit për gjelbërimin urban, gjatë procesit të planifikimit urban, gjatë përgatitjes së Planit të Përgjithshëm Urbanistik, është e nevojshme të sigurohen 25 m2 gjelbërim për frymë brenda fushës së planifikimit të qytetit. Ekziston gjithashtu detyrimi gjatë përgatitjes së planeve të detajuara urbanistike dhe projekteve arkitektonike-urbane, të sigurohet të paktën 20% gjelbërim në secilën parcelë ndërtimore. Për parcelat ndërtimore të vendosura në zona urbane ku nuk ka mundësi hapësinore për të siguruar përqindjen e hapësirës së gjelbër ose në lokacionet me objektet e ndërtuara tashmë, kompensimi mund të bëhet duke vendosur drurë dhe gjelbërim në saksi, në tarracat e çatisë dhe fasadat.
Arkitektja Nevena Georgievska tregon se ideja e Ligjit për gjelbërimin dhe 20 për qind të kërkuara në parcelë ndërtimore ishte ta bënte qytetin më të gjelbëruar, të sillte ajër të pastër, të cilin, thotë ajo, nuk e kemi dhe jetë më të shëndetshme për qytetarët, gjëra që nuk i kemi.
“Në vend të kësaj, gjelbërimi i planifikuar është pothuajse i zhdukur dhe në vend të tij janë vendosur saksi në katin përdhesë, të cilat “u duken bukur: banorëve që jetojnë atje. Është e qartë se investitori, për të zgjidhur parkimin, duhej të ndërtonte hapësirën nëntokësore plotësisht brenda kufijve të parcelës, kështu që asnjë gram tokë nuk ka mbetur në katin e parë për mbjelljen e duhur të pemëve. As nuk mendoj për mbjelljen e barit dhe luleve”, tha Georgievska.
Sipas saj, shohim projekte, renderë, ku gjelbërimi buron nga çdo kat.
“A doni të bëni një objekt të pëlqyeshëm?” Vendos një pemë – jo një, më shumë. Dhe në fakt, ende nuk kam parë ndonjë nga këto ndërtesa ‘të gjelbra’ në Shkup. Ka të tillë, por në Milano. Pyes veten nëse ne qiramarrësit duhet të mbjellim lule dhe drurë në ballkone apo investitori duhet të veprojë akoma në kushtet e ndërtimit dhe lejen e siguruar për ndërtim dhe të parashikojë statistikisht realizimin e mbjelljes së pemëve në ballkone, të izoluar mirë në mënyrë që të mos rrjedhë te fqinjët dhe në të cilat do të mbillet gjelbërim i ngjashëm si në renderët. Të mos gënjehemi!”, theksoi ajo.
Pyet nëse auditorët shohin nëse dokumentacioni teknik janë paraqitur bazat, pjesët dhe detajet e mbjellësve në ballkone? Përkatësisht, a e shohin të njëjtën nëpunësit në komunat që i nënshkruajnë lejet për ndërtim ose vetëm sipërfaqen e ngjyrosur të gjelbër në vizatim është provë për 20 përqind gjelbërim.
“Nëse inspektimi para se të nënshkruhet libri ndërtimor ka konfirmuar se janë mbjellë 20 përqind gjelbërim i planifikuar? Dhe pa përjashtuar ne profesionistët, sfidoj ata kolegë që morën pjesë dhe dhanë komentet e tyre mbi projektligjet për ndërtimin, gjelbërimin dhe planifikimin? Ligjet në vetvete nuk do të thonë asgjë. Një ligj i mirë është një ligj i zbatuar mirë. “Është e pakuptueshme që megjithatë bëhet fjalë për shëndetin e secilit prej nesh”, tha Georgievska.
Aktivistja Nevena Georgievska nga “O2 Iniciativa” gjithashtu sugjeron në një problem me përqindjen e detyrueshme të gjelbërimit në parcelë. Ata kompensojnë me gjelbërimin në çati, ballkone, mure vertikale të gjelbra, përkatësisht, thotë ajo, e gjitha është në fotografitë fillestare para se të merret leja e ndërtimit.
Sidoqoftë, ajo pyet se si do të ruhet ai gjelbërim dhe kush do të kontrollojë nëse gjelbërimi në parcelë është akoma 20%, posaçërisht për ballkonet e ndërtesave?
“Parcela ndërtimore ka një investitor dhe ai ndërton. Për më tepër, ajo ndërtesë është në pronësi të disa banorëve. Kush është përgjegjës për kujdesin ndaj gjelbërimit prej 20% pas marrjes së lejes së ndërtimit dhe shitjes së apartamenteve? A do të shkojë dikush nga autoritetet atje dhe të kontrollojë nëse gjelbërimi është akoma atje, a ruhet akoma? Pyetja mbetet e hapur. Ligji për gjelbërimin ka disa mangësi që duhen kapërcyer, me Rregullore, etj., por duhet gjetur një mënyrë për ta kontrolluar atë, në mënyrë që të mos mashtrohet publiku se përqindja respektohet. Ndërsa pyetja është nëse 20% e gjelbërimit është e mjaftueshme”, tha Georgievska.
Arkitekti Mishko Ralev, kryetar i Asociacionit të Arkitektëve të Maqedonisë, thotë se kur bëhet fjalë për gjelbërimin urban në formën e tarracave të kulmit me pemë të larta, nevojiten investime shtesë. Kjo është arsyeja pse deri më tani pak janë të interesuar për këtë. Sipas tij, kulmet e gjelbra nuk hyjnë në 20% të domosdoshme të gjelbërimit urban, por i referohet gjelbërimit të katit përdhes, i cili për shembull përfshin hapësirën mbi garazhet nëntokësore.
“Që do të thotë, nëse kryejmë inspektim, është e papërfillshme sa pak tarraca çati ka.” Kështu që, interesi është një gjë, por gatishmëria për ta bërë këtë është krejt diçka tjetër. Edhe në projeksionet shohim bollëk, domethënë në projekte, por në projekte të realizuara, shumë pak. Nga këtu përfundimi është se në fund matematika i bën investitorët të MOS investojnë, sepse ka izolim shtesë, humus, një ngarkesë shtesë mbi konstruksionin, ato konstruksione janë më të forta për të pasur shumë gjelbërim”, tha ai.
Ai shpjegon se ekzistojnë disa lloje të gjelbërimit, nga ato që kërkojnë njëzet centimetra humus, te bimët e larta që kërkojnë deri në një metër, duke e bërë më të shtrenjtë kultivimin.
“Çdo gjelbërim ndihmon dhe mund të ndihmojë, por nuk duhet të mbështetemi tek ajo dhe të lëmë pas dore ndërprerjen e burimeve të ndotjes”, tha arkitekti.
Nuk është më kot rebelimi dhe vetë organizimi për mbrojtjen e hapësirës
Shembulli i fundit me hapësirën përballë Holiday Inn ka rihapur plagët e vjetra se sa presion nga qytetarët mund të rezultojë në anulimin e projektit. Ose të bëhet park në vend të ndërtesave. Ka shumë shembuj kur, përkundër protestave të qytetarëve, në park ka mbirë ndërtesë. Megjithatë, edhe pse të rrallë, ka shembuj në Shkup kur nën presionin e qytetarëve ka mbetur parku i cili duhej të bëhej ndërtesë.
Gjëja e parë që vjen në mendje është hapësira e gjelbër në rrugën Bojmija, në fillim të Aerodromit pranë Stacionit Hekurudhor. Më shumë se dy dekada më parë, ndërtesa e “Neocom” ishte vendosur midis katër kullave në mes të parkut, jo siç është tani përgjatë bulevardit “K.J. Pitu”. Qytetarët lokalë u organizuan dhe arritën të mbronin parkun, megjithëse investitori së bashku me kontraktorin tashmë kishin hapur një vrimë të madhe për themelet e ndërtesës, duke pretenduar se gjithçka është në përputhje me ligjin, me dokumentacion të plotë. Komuniteti lokal u revoltua, duke shkatërruar gardhe, ditë e natë kanë bërë roje para ndërtesave, duke qëndruar në rrugën e eskavatorëve dhe punëtorëve të punësuar.
Vrima shpejt u mbyll, makineritë u larguan dhe ndërtesa u ngrit në lokacion të ri. Së fundmi, komuna ndërmjet kullave të “Bojmija” vendosu shatërvan, rregullimin e katit përdhes, shesh lojërash për fëmijë dhe një terren të gjelbër futbolli.
Një shembull tjetër është parku në Karposh në Taftalixhe 1, në Rrugën “Bukureshka”. Në vitin 2016, mbërriti makineria e huazuar nga ADSDP, punëtorët filluan të bënin terren për ndërtesën, të vendosnin gardhe. Komuna e Karposhit pohoi se ishte një ndërtesë e ligjshme banimi. Leja e ndërtimit për objektin ishte “e plotfuqishme” me “mendime pozitive nga të gjitha institucionet përkatëse”. Përkatësisht, pullë ndërtimi e përcaktuar nga plani i detajuar urbanistik në vitin 2003, i konfirmuar më pas nga planet e detajuara urbanistike në 2012 dhe 2016.
Sidoqoftë, edhe këtu qytetarët u rebeluan, shkatërruan gardhe dhe bënin roje në park. Ata gjithashtu organizuan ngjarje të përbashkëta, të gjitha brezat në një tog, fqinji për fqinjin, njeriu për njeriun. Tani lokacioni përsëri ka park me rekuizita për fëmijë.
————————————
Përveç hapësirës në Holiday Inn, ku sipas informacioneve të fundit, do të ndërtohen ndërtesa njëzet katëshe me gjelbërim në tarraca, investitorët po synojnë të paktën dy vende të tjera të rëndësishme nga të cilat do të varet jeta përreth zonës qendrore të qytetit në të ardhmen. Qytetarët kërkojnë një park në vendin e fabrikës së vjetër “Treska” në Komunën Qendër, dhe ka kritika të forta për planet për ndërtim në hapësirën e zbrazët në “Rasadnik” në Kisela Voda. Sidoqoftë, institucionet do të kenë fjalën e fundit nëse ndërtesat do të mbijnë në këtë zonë, sa do të ketë, por gjithashtu nëse do të ketë kushte normale të jetesës dhe gjelbërimin e nevojshëm urban.
* Në celular, galeria mund të shikohet në mënyrë më optimale duke e vendosur telefonin në pozicion horizontal dhe nëse rifreskoni faqen (refresh)
Ј.Ј / B.SH / М.К.