Со почеток од 17 часот, денеска во Галерија 1 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде отворена групна изложба на дела на младите македонски графичари Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосфиовски.
Уметниците ќе ги презентираат своите дела, кои, како што велат од МКЦ, отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност, а кои, како што додаваат, низ различни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилски концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.
Изложбата ќе биде отворена до 24 април.