Промо-синглови од новиот албум на „Фонија“

Македонската група ФОНИЈА на 3 септември го издава својот четврти албум во нивното шестгодишно постоење. Од издавачката куќа „Направи заедно“ велат дека новиот албум со наслов „Мојот пекол“ е досега најзрелото парче музика од Фонија и дека тој заслужува целосно внимание.

Албумот содржи десет песни на кои бендот работеше изминатиов месец со Ненад Трифуновски – Трипе во студиото „MarryPhat“, како и во нивното сопствено студио во Ѓорче Петров.

Еве ги првите два сингла од новиот албум на „Фонија“:

МОЈОТ ПЕКОЛ:

ОВОЈ ДЕН:

Кон издавањето на МОЈОТ ПЕКОЛ освен Направи Заедно, овој пат се приклучуваат и Sixtynine Records, како и Giljotina од Словенија.