Во организација на „Креативна верига“ утре, на 16 април, ќе се одржи промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“. Промоцијата ќе се одржи онлајн, на дигиталната платформа „Зум“, со почеток во 8 и 15 часот.
„Запознајте се со седумнаесетте автори и нивните дела застапени во „Интимно со пандемијата“ и значењето на оваа збирка раскази како отпечаток на психолошката борба на индивидуите со почетокот на пандемијата и соочувањето со фактот дека ќе трае“, велат од организацијата.
Оттаму посочуваат дека „Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои преку своите дела ја споделуваат со читателот интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, преку записите кои ги водат во своите дневници.
„Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаик, дело кое по години би се читало како сведоштво на пандемиското време“, истакнуваат од „Креативна верига“.