#ИнстаИлустрации – Ања Коцевска

Ања Коцевска живее во Берлин каде студира Интерактивен дизајн и работи на разни проекти. Илустрирањето за нејзе е нешто што ја смирува и возбудува истовремено.

„Ме смирува затоа што уживам во него, тоа е нештото за кое едвај чекам да му дојде ред во текот на денот. А ме возбудува затоа што кога ќе ми дојде идеја и инспирација, толку сум возбудена што доколку би можела би креирала и во движење“, вели таа за Радио МОФ.

Инспирацијата, пак, ја црпи од секојдневието, од различни настани и луѓе.

„Сакам да се предизвикувам да мислам и да барам инспирација во најмалите нешта. Многу често си задавам предизвици – мисловни, кои подоцна се трансформираат во илустрации. Но, исто така сакам да наведам дека гледајќи ја големата слика за прашањето што ме натерало да креирам, одговорот веројатно е африканската уметност. Или поточно сите бои, накити, облеки и ритуали кои се провлекуваат низ африканската култура. Накитот особено се обидувам да го вметнам и истакнам во моите илустрации, а често и пробувам да оформам целосен карактер во апстрактно издание. Тоа секогаш ми помага и оди рака под рака со мојот избор на бои“, појаснува таа.

Коцевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja (@kaanjaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja (@kaanjaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja (@kaanjaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja (@kaanjaaa)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anja (@kaanjaaa)