Кусо интервју со Ирена Блажеска, млада македонска авторка – девојката со челично срце.
Од кога се појави желбата за пишување кај тебе?
Желбата за пишување ја добив одамна, во школските денови, од мојата 7-ма година. Едноставно речено знам да ставам трага на хартија, откако знам за себе .
Кажи ни накусо за твоето досегашно творештво? Што беше инспирацијата за нив?
Досега имам издадено три книги. Четвртата ќе пристигне многу наскоро. Првенчето е ,,Странци со спомени” во која ќе сретнете текстови и по некоја залутана мисла. Нејзино продолжение е ,,Тивка далечина” со ист мотив, со иста желба – љубовта. За разлика од нив ,,Недореченост” е микс од проза и од поезија но темата сепак е иста љубовта. Инспирација е секојдневието, човечките чувства, човечката среќа, нивните навики.
Што можeме да очекуваме во иднина? Дали е во подготовка некое ново дело?
Во блиска иднина ја очекуваме детската книга ,,Во светот на децата”, посебно драга за мене. Книгата во себе содржи песнички и сликички за боење. Се надевам ќе привлече доволно внимание и ќе го најде своето место во детскиот свет.
Кире Илиески
*Три прашања, три одговори – Кратко, ем јасно. Ова е мини рубрика на Радио МОФ во рамки на „младинските муабети“ што ја водат членовите на новинарскиот клуб на Радио МОФ, предводен од новинарот Огнен Јанески