На 27 април, вторник, со почеток од 10 часот ќе започне вториот настан на дискусијата насловена „Реални дискусии за реални решенија за амбициозни климатски акции“, за тоа како ефикасно да се спроведе националната заложба за 51% намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година кон Договорот од Париз.
На настанот кој е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), ќе зборуваат министерот Насер Нуредини, заменик постојан претставник на УНДП Сања Бојаниќ, претставничка на ЕБРД Маргерита Калдероне и министерот за економија Крешник Бектеши.
Организаторите велат дека настанот има за цел да ги потенцира политичката волја, вклученост и ангажман на сите, за спроведување на Ревидираниот националне придонес за климатски промени.
Настанот ќе може да се проследи во живо на следниов ЛИНК.
Инаку, првиот настан се одржа на 21 април, додека третиот настан е закажан за на 5 мај, во 11 часот.