Пет месеци по почетокот на масовната вакцниација, ширум светот се администрирани повеќе од една милијарда дози вакцини против Ковид-19, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Во 207 земји и територии се администрирани точно 1.002.938.540 дози на вакцини против Ковид-19, според пребројувањето засновано на официјалните податоци од земјите. Вкупно 58% од вакцините е администрирано во три држави, односно, 225.5 милиони дози во САД, 216.1 милиони дози во Кина и 138.4 милиони дози вакцини во Индија.
Во земјите во Европската Унија се администрирани 128 милиони дози вакцини, што претставува 21% од населението.
Вакцинацијата сепак не е започната во 12 земји, односно во Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Репбулика, Еритреја, Вануату, Самоа, Кирибати, Северна Кореја и Хаити.
И покрај контроверзиите, оксфордската вакцина „АстраЗенека“ е најзастапена.