ЛГБТИ Центарот за поддршка денеска објави повик за пријавување на настанот „Младинската квир училница 2021 – пролетна едиција“ кој ќе се оддржи во периодот од 11 до 14 мај, преку онлајн платформата „Зум“.
Како што посочуваат оттаму, на „Младинска квир училница 2020” може да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години.
„Целта на училницата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво и национално ниво. Покрај наставните содржини ќе имате можност да учите преку разни вежби и креативни активности. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на училницата“, стои во соопштението на ЛГБТИ Центарот за поддршка.
Учеството на настанот е бесплатно, а од Центарот истакнуваат дека работилницата која ќе биде на македонски јазик, ќе се одвива во попладневните часови, односно, после 17 часот.
„Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик“, порачуваат тие.
Повикот за учество ќе биде отворен до 7 мај, а заинтересираните може да се пријават на следниов ЛИНК. Истовремено, од Центарот посочуваат дека за дополнителни прашања може да се контактираат организаторите на мејл адресата ljubomir.faizov@lgbti.mk, со наслов „Младинска Квир Училница 2021 – пролетно издание“.