Белгискиот уметник Ален Вершуерен создаде „Преносна оаза“ како заштита од Ковид-19. Станува збор за меур полн со рузмарин, лаванда и мајчина душица, наместо маска за лице, пишува Индепендент.
Оазата е „мини-стаклена градина од плексиглас“ што се потпира на рамото, покривајќи го лицето во „меур со прочистен воздух од ароматични билки и растенија“.
Every day can be your personal Earth Day: Belgian artist Alain Verschueren’s Portable Oasis lets you spend quality time in the garden while social distancing at the same time. https://t.co/qUoeY2OLlU pic.twitter.com/mkqkjbMwOd
— DesignObserver (@DesignObserver) April 21, 2021
61-годишниот уметник ја разви идејата пред 15 години и неодамна привлече внимание поради пандемијата.
„Се работеше за создавање меур во кој можев да се заклучам, да се отсечам од светот што го чувствував премногу досаден, премногу бучен или миризлив“, вели Вершуер, кој има астма и смета дека дишењето преку маска за лице е тешко.
„Како одминуваше времето, забележав дека луѓето доаѓаат кај мене и зборуваат со мене. Оваа изолација стана многу повеќе начин за поврзување “, додава тој.