МЗ: 28 починати, 450 новозаразени и 1.001 оздравен од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 28 лица.

Починале 9 лица од Скопје (57г, 62г, 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г), по 2 лица од Кочани (66г и 67г), Струмица (63г и 79г) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 450 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 146 случаи во Скопје, 52 во Куманово, 42 во Битола, по 18 во Прилеп и Охрид, по 17 во Тетово и Кочани, по 15 во Велес и Кавадарци, по 14 во Струмица и Кичево, 11 во Виница и 10 случаи во Гостивар.

Потоа, регистрирани се 9 случаи на Ковид-19 во Штип, 8 во Демир Хисар, 6 во Струга, по 5 во Крива Паланка и Берово, по 4 во Радовиш и Делчево, по 3 во Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево, 2 во Неготино и по 1 од Пробиштип, Демир Капија и Пехчево.

Регистриран е 1.001 оздравен пациент, односно, од Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2 и по 1 од Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 713.139 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.874 тестови.