Факултетското студентско собрание при Факултетот за драмски уметности (ФСС-ФДУ)го организира вториот мастерклас специјализиран за театар и филм. Мастеркласот ќе се одржи утре, на 29 април, со почеток во 20 и 30 часот, преку „Зум“ платформата.
„Серијалот мастеркласови има за цел да ги прошири и одржи во живот креативните и културните видици на студентите кои се занимаваат, но и се љубители на театарот и филмот, преку споделување на искуствата, начините и методите на нивните постари колеги“, велат од Академската сцена.
Гостин во вториот мастерклас ќе биде Нела Витошевиќ – театарска режисерка дипломирана 2008 година во класата на проф. Слободан Унковски. Таа е режисерка на претставите „Брод за кукли“, „Змејовата невеста“, „Мојот маж“, а ќе зборува на темата „Tеатарот како живот и професија.
Оттаму потенцираат дека бројот на учесниците е ограничен на 25, а право на учество имаат сите студенти на УКИМ, додека предност ќе имаат студентите од ФДУ.
Сите заинтересирани за учество на мастеркласот можат да се пријават тука.