На северот на Португалија во употреба беше пуштен најдолгиот пешачки висечки мост во светот, за кој локалните жители се надеваат дека ќе прерасне во туристичка атракција.
Скриен меѓу карпести планини и опколен од зеленило и жолти цвеќиња, 516-метарскиот мост виси 175 метри над Геопаркот Ароука кој е под заштита на УНЕСКО.
Иако официјалното отворање ќе биде во недела, вчера дел од жителите од околниот град Ароука можеа први да прошетаат по мега-објектот.
„Бев помалку исплашен, но вреди. Ова е неверојатно и уникатно искуство, вистински наплив на адреналин“, објаснува Хуго Ксавиер, првиот човек кој собра храброст и чекореше по мостот.
Мостот, кој се градеше две години, според локалните власти се очекува да биде главна туристичка атракција во регионот.