Околу 40 компјутери ноќеска биле украдени од Правниот факултет во Скопје.
Непознат сторител во доцните часови влегол на факултетот и успеал да ги изнесе компјутерите од компјутерскиот центар на факултетот, велат од Министерството за внатрешни работи за Радио МОФ.
Компјутерите најверојатно биле украдени откако претходно биле исечени решетките на надворешниот прозорец од центарот.
Полицијата е во потрага во сторителот.