Потполно ќе се укине надоместокот за роаминг за земјите на Западен Балкан од први јули, истакнала за „Радио Слободна Европа“, генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
Брегу додала дека пандемијата влијаела на економскиот развој на земјите, па Советот за регионална соработка оценува дека подобрената соработка меѓу земјите може да допринесе за значително заштедување.
„Мислам дека е важно да се нагласи дека не само што е зголемен бројот на луѓе кои користат интернет, туку дека и за време на пандемијата сфативме колку е зголемено времето кое луѓето го поминуваат онлајн. Забележаме дека младите од регионот олеснувањата на полето на роаминг ги сметаат за еднакво корисни како слободата на движење, па сметам дека за оваа фокусна група, укинувањето на роамингот е одлична порака“, изјавила Брегу.
YES, soon you will have 0 COSTS WHILE ROAMING! From 1 July 2021, all #WesternBalkans citizens will #ROAMFREE, if travel from/ to all WB 6#PoweredbyRCC&🇪🇺
👉 https://t.co/QKHYZ9YdQE#StayCharged #CommonRegionalMarket #besplatanroming #бесплатенpоминг #folsinshpi pic.twitter.com/QVgry2X1o6— RCC (@rccint) May 1, 2021